Не ја фрлајте кората од калинка! Исушена, таа е лек за многу проблеми

333

Хипократ знаел за уникатните својства на сувата кора од калинка пред 2.500 години и успешно ја применил за лекување на дизентерија.
Кората од калинка содржи многу корисни материи кои делуваат слично како и лековите, но главна карактеристика се нејзините антивоспалителни и смирувачки својства.

Според билкарите, самиот Хипократ ги знаел лековитите својства на кората од калинка и ја користел како лек.

Станува збор за неверојатен лек кој може да ви помогне при сите стомачни инфекции и да ве ослободи од цревните пореметувања. Веќе знаеме и дека помага при дизентерија, дијареа и разни стомачни вируси, како и при воспаление на слепо црево, салмонелоза, чир на желудникот и дисбактериоза на цревата.

Во декември 1999 година, руското списание „Руски весник“ ја објавил статијата „Заборавениот Хипократ и лекување со билки“ од рускиот билкар Г. И. Глубок, каде што е напишан рецепт за патентиран лек за лекување на дизентерија, дијареа, колера и воспаление на слепо црево (без операција!), салмонелоза – со одвар (течност добиена со варење или киснење на лековити растенија, билки) од сува кора од калинка за 5 часа. На патентирањето на лекот (во 1996 година) му претходела задолжителна проверка во медицинска установа и неговата способност да ги инхибира патогените бактерии.

Еве како се подготвува одвар од суви кори од калинка и како се применува.

Односот на сувата кора од калинка и зовриена вода е 1:20. Во топла шолја или чаша ставете 10-12 грама сува кора од калинка и прелијте ја со 200 мл зовриена вода. Покријте ја и оставете да отстои 25-30 минути. После тоа можете да пиете. Не ја фрлајте кората.

Подготовката на одвар од суви кори од калинка за сите наведени болести е иста, но примената за болест е различна.

За да се излечите за 5 часа од: дизентерија, дијареа, салмонелоза, тифус, колера, воспаление на слепото црево, консумирајте ја лушпата на следниов начин:
Откако ќе отстои 25-30 минути, треба да се испие половина чаша. Не го цедете напитокот, оставете ја кората внатре и покријте го садот повторно. Ако по 10 минути почувствувате олеснување и се чувствувате подобро, тоа значи дека е само дијареа и нејзиното лекување е завршено. Можете слободно да излезете од дома, бидејќи повеќе нема да имате дијареа (или запек).

Ако не сте почувствувале подобрување по 10 минути, треба да останете дома и по 3 часа да ја испиете преостанатата половина од напитокот. Процесот на лекување продолжува во следните 3 часа. А заздравувањето доаѓа по 5 часа од почетокот на третманот.

За 7 дена да се излечи: чир на желудникот, чир на тенкото црево, колитис (воспаление на дебелото црево), дисбактериоза на цревата, консумирајте лушпа од сува кора од калинка на следниов начин:
Откако ќе отстои 25-30 минути, почнете да ја пиете течноста. Во текот на денот, испијте половина (90-100 мл) од течноста на 4 пати, во приближно еднакви делови и во приближно еднакви временски интервали, по 20-25 мл. Почнете да пиете наутро на празен стомак, по будењето, а последната четврта доза, пред спиење.

Не треба да ја пиете течноста секој ден, туку секој втор ден. Доколку сакате да го продолжите третманот, поради безбедно заздравување на чир на желудникот, тоа можете да го направите по пауза од 7 дена по првиот третман.

Запомнете: Во процесот на лекување – одварката не се цеди. За време на третманот – не смеете да консумирате алкохол.

Суштината на третманот се состои во тоа што во целиот гастроинтестинален тракт постојано се уништуваат сите патогени бактерии (остануваат здравите), а нивната локација е успешно населена со здрави, неопходни за човекот.

Хипократ знаел за уникатните својства на сувата кора од калинка пред 2.500 години. Успешно ја применил лушпата за лекување на дизентерија.
Кората од калинка содржи многу корисни материи кои делуваат слично како и лековите, но главна карактеристика се нејзините антивоспалителни и смирувачки својства.

Состав и вредност на кората од калинка

Придобивките од кората од калинка се содржани во нејзиниот богат состав. Содржи многу антиоксиданти, како и изобилство на киселини, витамини и минерали, поради што лушпите од калинка често се користат за зајакнување на имунолошкиот систем.

За што се е корисна кората од калинка?

Терапиите кои вклучуваат употреба на кора од калинка се широко распространети во алтернативната медицина. Тие помагаат во мобилизирање на силата на телото и зајакнување на имунолошкиот систем.

Придобивките од кората од калинка се:

инхибиција на воспалителни процеси;
зајакнување на капиларите и крвните садови;
чистење на клетките на црниот дроб;
УВ заштита;
забрзување на регенеративните процеси;
распаѓање на лошиот холестерол;
запирање на растот на туморите;
ослободување од паразити;
стимулација на бубрезите;
зајакнување на имунолошкиот систем;
олеснување на болка;
антимикробна активност;
нормализација на функцијата на цревата.

Затоа, не ја фрлајте кората од калинка. Исушете ја и чувајте ја во домашната аптека.