Оваа течност ги чисти црниот дроб и цревата од отрови! Дали е подобра кравјата или козјата? (ВИДЕО)

Фото: Pexels
547

Се разбира, станува збор за сурутка! Таа е одлична за црниот дроб, цревата, крвта и за уште многу нешта, а гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ објаснува која е подобра за консумирање – кравјата или козјата. Наспроти предрасудите во врска со силниот и непријатен мирис на козјите млечни производи, во прилог е и нашето искуство документирано со видео од фармата „Кози, млеко, планина“

Еден од најпознатите народни лекови за проблеми со црниот дроб, без разлика дали се работи за оштетена состојба по долготрајна жолтица или за цироза, е сурутката.
Српскиот гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ зборува за тоа кој тип на овој пијалак е најдобар и најкорисен, кравјата или козјата сурутка, како и дали навистина помага.

Според него, сурутката може да помогне при бројни заболувања:

„Сурутката нуди солидна количина на протеини и тоа оние со аминокиселини кои брзо се вградуваат во мускулите. А тоа значи дека нема процес на варење, апсорпција, циркулација… Тој оди директно во мускулите и црниот дроб. Нема маснотии, а ако станува збор за козја сурутка, тоа е уште подобро“, вели докторот.

Пациентите со хронично заболување на црниот дроб имаат слаби мускули, а аминокиселините од сурутката во комбинација со протеините брзо влегуваат и се вградуваат во мускулите и на тој начин помагаат.

Кравја или козја сурутка – што е подобро?
Многумина прибегнуваат кон втората, но д-р Перишиќ вели дека постои решение за консумирање на овој напиток без силен вкус и мирис.

„Кравјата сурутка има подобар вкус и текстура, но козјата е поздрава. Сепак, можеме да го поправиме вкусот на втората такашто на еден литар сурутка ќе додадеме шолја сок од лимон и 3-4 лажици мед“.

Според нас и нашето искуство, тоа дека козјите млечни производи имаат силен и непријатен мирис се само предрасуди. Првпат пробавме козјо млеко и тоа, тукушто измолзено од козите на фармата „Кози, млеко, планина“ во Раштак. И токму поради истите тие предрасуди кои ги имавме веќе бевме подготвени да ни се слоши. Но, за чудо, ништо од тоа.

Подоцна домаќините ни објаснија дека станува збор за тоа што тие обрнуваат големо внимание на хигиената на козите, поточно на вимињата на козите и пред и после молзењето. Затоа ова млеко беше прекрасно, без никаков силен и непријатен мирис и вкус. Топло, тукушто измолзено.

Зошто козјата сурутка е поздрава?
Липидите од козјото млеко директно се метаболизираат. Тоа се масни киселини со краток ланец кои се метаболизираат без никакви посредници и пациентот се чувствува многу подобро.
Сурутката содржи метаболит серотонин, хормонот на среќата. Затоа луѓето кои пијат сурутка се колнат дека се чувствуваат подобро, пооптимистични се и порасположени уште по првото консумирање.

Дали може да се претера со сурутката?
Д-р Перишиќ вели дека ако внесувањето на сурутка е претерано, ќе добиеме дијареа, од пет до шест столици дневно. „Но, тоа не е лошо. На секој со заболување на црниот дроб ова ќе му оди во прилог бидејќи на тој начин се ослободуваат токсичните метаболити“.