Овие намирници се директно поврзани со развојот на рак

Фото: Freepik
423

Здравјето доаѓа преку устата, ама истото се случува и со болестите. Еве неколку намирници за кои треба да знаете дека се директно поврзани со појавата на некои видови на рак


Здравјето ни доаѓа преку устата и тоа на сите ни е јасно. Но, живееме во време кога е тешко да се најде здрава храна на полиците на продавниците кои нудат најмногу преработена храна, а овошјето и зеленчукот се третираат со разни хемиски препарати.

Затоа лекарите и нутриционистите постојано апелираат при купувањето да се читаат декларациите и да се внимава на потеклото на храната при купување.

Досега многу научни студии докажаа дека некои намирници се директно поврзани со развојот на одредени болести.

Малигните заболувања се, веднаш по кардиоваскуларните заболувања, најраспространети во светот.

А токму одредени намирници се виновни за развојот на некои видови рак.

Издвоивме неколку намирници кои се директно поврзани со ракот.

Џемови

Индустриски произведените џемови содржат моќни антиоксиданти кои помагаат да останат непроменети бобинките и овошјето. Токму овие антиоксиданти го поттикнуваат развојот на некои видови рак. Се разбира, во нив има и бои и засилувачи на вкус, како и разни емулгатори и стабилизатори.

Помфрит во ресторани и продавници

Помфритот содржи многу скроб и масти, а неговото консумирање предизвикува дебелеење. Помфритот содржи и транс масти, кои можат да предизвикаат атеросклероза, дијабетес и рак, но и да предизвикаат генетски промени во телото. Транс мастите влијаат и на имунолошкиот систем. Помфритот е обилно посолен, а голема количина сол го зголемува ризикот од уролитијаза, хипертензија, срцев и мозочен удар.

Пуканки

Самата пченка не е закана за луѓето. Но, за да направите пуканки, потребни ви се путер, сол, шеќер, карамелизатори, бои, засилувачи на вкус и ароми.

Количината на сол во класичните солени пуканки е многу пати поголема отколку во чипсот.

Колбаси, виршли

Колбасите се направени од генетски модифицирана соја. Колбасите, виршлите, паштетите и другите месни производи содржат разни масти, животинска кожа, засилувачи на вкус, бои, гелови… Вкусот на месото во овие производи доаѓа исклучиво од разни
ароми.

Конзервирана храна

Контроверзниот бисфенол А, за кој се покажа дека генетски ги менува мозочните клетки на животните, се додава во повеќето лименки. Станува збор за хемикалија која ги имитира половите хормони во телото, а со тоа ја намалува плодноста, но и го зголемува ризикот од разни видови рак кај децата.

Вештачките соединенија како што се фталат и бисфенол А ја попречуваат функцијата на тироидната жлезда, предизвикуваат дебелина и се предизвикувачи на рак на гениталиите, како што се ракот на јајниците, простатата и дојките, покажаа бројни студии во последните десет години. Освен со конзервирана храна, бисфенол А најчесто се контактира преку пластична амбалажа која често го содржи.

Црвено месо на скара

Иако храната на скара е навистина вкусна, научниците откриле дека со ваква подготовка на месо се ослободува канцерогенот наречен хетероцикличен ароматичен амин, бидејќи ја менува хемиската и молекуларната структура на месото. Податоците собрани од 6.200 луѓе во период од девет години покажуваат дека испитаниците кои често консумирале месо на скара или на некој сличен начин, имале 60 отсто поголеми шанси да заболат од рак на панкреасот отколку испитаниците кои претпочитале помалку месо на скара или воопшто не го јаделе. Покрај тоа, црвеното месо подготвено на овој начин со редовно консумирање го зголемува ризикот од рак на простата.

Млечни производи со долг рок на траење

Избегнувајте млечни производи кои можат да траат подолго од две недели. Асептичното пакување е антибиотско пакување. Млекото кое има рок на траење од неколку месеци, содржи стабилизатори, згуснувачи, антиоксиданти, ароми…

Шеќер

Клетките на ракот користат значително повеќе гликоза за нивниот раст и размножување од другите клетки, а различни студии покажаа дека луѓето кои имаат повисоки нивоа на гликоза имаат поголема веројатност да заболат од различни видови на рак. Така, лабораториските тестови покажуваат дека клетките на ракот можат да преживеат само на едноставни јаглехидрати, вклучувајќи рафинирани шеќери кои се наоѓаат во преработената храна и слатките.

За разлика од здравите клетки, клетките на ракот можат да ја претворат својата енергија од гликолизата без кислород, во процес на анаеробна гликоза. Потоа се создаваат отпади кои се слични по форма на, на пример, млечна киселина. Овој отпаден материјал потоа оди од клетката на ракот до црниот дроб каде што се метаболизира, а отпадниот дел од процесот е гликоза. Потоа гликозата се враќа да ги нахрани клетките на ракот и се формира маѓепсан круг.

Газирани пијалаци
Газираните пијалаци не се храна, а се консумираат премногу во современата исхрана. Една лименка содржи 40 грама шеќер, а сè што содржи повеќе од осум грама шеќер се смета за претерано. Покрај тоа, вештачките засладувачи во газираните пијалаци придонесуваат за дебелина и дијабетес и често се поврзуваат со рак.

Бело брашно

Кога брашното се рафинира, од него се отстрануваат сите хранливи вредности. Потоа се избелува со гас за да биде попривлечен за потрошувачите.

Гликемискиот индекс на белото брашно е исклучително висок – што значи дека го зголемува нивото на инсулин и не му дава „гориво“ на организмот. Јаглехидратите од него се претвораат во шеќери, па често консумирање бело брашно што може да доведе до зголемена отпорност на инсулин како такво е пожелно гориво за тумори.

Т.н лесна храна без маснотии

Без маснотии звучи како добра работа, бидејќи за повеќето мастите претставуваат лоша работа, но овие намирници се многу нездрави. Прехранбената индустрија почна да ги заменува животинските масти со незаситени растителни масла, што доведе до зголемување на потрошувачката на транс масти. А за да го надоместат тоа, производителите меѓу другото почнаа да додаваат и големи количини шеќер. Со други зборови, ризикувате зголемување на телесната тежина, дијабетес, срцеви заболувања и рак.