Одличнa за црн дроб, стрес, замор, притисок, за линија, за тироида…

Фото: Unsplash
885

Нискокалорична, богата со витамини и протеини – тоа е сурутка, течност која останува како нуспроизвод кога се прави сирење од млеко. Поборниците за здрава исхрана знаат дека сурутката е вистински еликсир за здравјето и има многу лековити својства

Сурутката е погодна намирница во секој период од животот, а заради сличноста со мајчиното млеко, може да се користи и како замена за млеко во исхраната на доенчињата. Станува збор за течноста што се одделува кога се прави сирење.

Богата е со хранливи материи и никако не треба да се фрла – она што е најдобро од млекото, при неговата преработка во сирење, останува во неа. И кога ќе отворите кисело млеко, се случува на неговата површина да видите вода. Таа вода е сурутка.

Освен вода, во неа има 96 отсто лактоза, 4 отсто казеин, 50 отсто минерали и соли и 93 отсто протеини.

Протеините на сурутката содржат многу есенцијални амино киселини кои брзо се апсорбираат. Есенцијалните аминокиселини се оние кои човечкото тело не ги произведува, туку мора да се внесат со храната.

Протеини на сурутката се:

Alfa laktalbumin – овој протеин чини 20-25 отсто од вкупните протеини на сурутката. Богат е си триптофан, кој е заслужен за производството на серотонин кој ни е потребен за добро расположение, и мелатонин кој ни е потребен за здрав сон.

Imunoglobulini – овие протеини чинат 10-15 отсто од протеините на сурутката. Имаат улога во јакнењето на имунитетот затоа што учествуваат во создавањето на антитела кои го бранат организмот од патогените клици.

Beta laktoglobulion – ова е најзастапениот протеин во сурутката и чини 50-55 отсто од нејзините протеини. Одличен извор е на есенцијални масни киселини, посебно оние кои влијаат на одржувањето на мускулите и на нивното формирање. Токму поради ова сурутката е популарна помеѓу спортистите.

Laktoferin – чини 1-2 отсто од протеините во сурутката но има многу важна улога во одржувањето на нашето здравје затоа што го спречува растот на габите и бактериите.

Glikomkropetptid – чини до 15 отсто од протеините на сурутката и има улога во создавањето на чувство на ситост. Тоа ја прави сурутката добра за слабеење.

Albumini – се протеини кои се создаваат во црниот дроб и се заслужни за транспорт на бројни минерали, хормони, масни киселини и влијаат на доброто здравје во целина.

Хранливи вредности на сировата сурутка 

Јаглени хидрати. Сурутката е богата со јаглени хидрати во форма на лактоза.

Минерали. Нивниот однос зависи од самиот процес на правење на сирење, но главно, тука се калциумот, фосфорот, цинкот, калиумот и магнезиумот.

Витамините се исто така застапени во сурутката, најмногу оние од Б-комплексот.

Една чаша сурутка може да исполни 25 отсто од дневните потреби за калциум и фосфор, 10 отсто од потребите за цинк и околу 7 отсто од потребите за калиум и магнезиум.

Со една чаша сурутка ќе задоволите 10 отсто од дневните потреби за тиамин и витамин B6, 20 отсто од потребите за пантотенска киселина и витамин B12и околу 30 отсто од потребите за рибофлавин.

Дали е секоја сурутка иста и кои видови постојат?

Квалитетот на сурутката и нејзиниот состав зависи од видот на сирење кое се прави.

Може да биде слатка, а може да биде и кисела, која настанува тогаш кога лактозата (млечен шеќер) ќе се претвори во млечна киселина.

Во суштина сурутката може да се подели на два вида:

Сирова течна сурутка – се добива со сирење на млекото, а посебно е ценета козјата сурутка. Сировата млечна сурутка е матна течност со жолтеникаво-зеленкаста боја, со киселкаст вкус.

Сурутка во прав – протеинска пудра добиена од сурутка, а произведена со метода која не ги уништува природните својства на аминокиселините. Протеините на сурутката во прав се нешто што главно го користат спортистите како додаток во исхраната, а се користат и за слабеење.

Здравствени придобивки од употребата на сурутка

Сурутката го поттикнува производството на антиоксиданти во телото, материјал кој дејствува против токсините во телото, го намалува оксидативниот стрес и спречува сериозни и хронични болести.

Сурутката, поточно нејзините протеини можат да го потпомогнат процесот на слабеење затоа што го подобруваат чувството за ситост. Со самото тоа, апетитот е помал, па нема претерано прејадување. Се смета и дека протеините на сурутката можат да го забрзаат метаболизмот такашто да согорува 80-100 калории повеќе дневно, а тоа многу го помага процесот на слабеење.

Студиите покажале дека одредени пептиди во сурутката под називот лактокини, делуваат како ACE инхибитори и можат да делуваат поволно на снижување на високиот крвен притисок.

Една од најчесто спомнуваните предности на сурутката за здравјето е онаа која се однесува на здравјето на црниот дроб, а посебно намалувањето на проблемите предизвикани од замастен црн дроб.

Имено, сурутката дава аминокиселини кои го помагаат регенерирањето на црниот дроб и синтетизирање на глутатионот кој го штити црниот дроб. Со тоа што го намалува високиот притисок, го намалува и стресот на црниот дроб, а со тоа што овозможува чувство на ситост, помага во намалувањето на мрсните наслаги на црниот дроб.

Меѓутоа, и покрај сите здравствени предности, не треба да се претерува со сурутката и нејзините протеини.

Имено, премногу протеини можат да ги преоптоварат бубрезите и црниот дроб, а важно е да се напомене и дека е сурутката добра за црниот дроб кај здрави луѓе кај кои најлош проблем е бавната работа на црниот дроб или замастен црн дроб.

Кај сериозните болести на црниот дроб, зголемениот внес на протеини може да ја влоши состојбата.

Доколку имате висок холестерол, сурутката ќе ви помогне да го намалите. Некои студии покажале дека консумирањето на протеините од сурутката може значајно да помогне за намалување на нивото на лош холестерол, како и на тоталното ниво на триглицериди кај луѓето со вишок на килограми.

Сурутката е корисна и како козметичко средство за кожата во целина, па и за косата.
Сурутката се препорачува и во случај на дијабетес тип 2, но сепак, доколку боледувате од оваа или од некоја друга болест, не е лошо претходна консултација со лекар.

Како се пие?

Доколку станува збор за течна варијанта, сурутката се пие два пати дневно, односно, пола литар сурутка на ден. Најдобро е да се пие наутро на празен стомак, а втората чаша пред ручек или вечера (или наместо вечера ако планирате да ја користите сурутката за слабеење).

Течната сурутка можете да ја додадете наместо вода во некои оброци.

Доколку станува збор за сурутка во прав, тогаш количината зависи од брендот што го користите.

Во суштина, важно е да не претерувате со количината. Пресметајте колку протеини ви се потребни во текот на денот–0,8 г протеини на 1 кг телесна тежина.

Имајте ја предвид и количината на протеини што ги внесувате со исхраната.
20-50 г сурутка во прав е најчесто количината која се препорачува за консумација. Можете да ја растворите во вода, во овошни сокови и слично.

Како се прави сурутка?

Најдобро е за ова да користите полномасно млеко, а идеално е козјото млеко за кое се смета дека има особено добро влијание на јакнење на имунитетот и здравјето.
Потребна ви е и маја која можете да ја набавите во подобро снабдените продавници за здрава храна.

За подготвување на сурутка се користат 4 литри млеко и 2 лажици маја. Млекото ставете го во тенџере и загрејте го, но не смее да проврие. Ставете ја во него мајата и оставете го во топла просторија. После некое време ќе се појават грутчиња, односно закиселено млеко. Тогаш е време да го процедите сирењето низ газа. Течноста која ќе ја исцедите е сурутка.

Ако не ви поаѓа од рака да најдете маја, испробајте со сок од лимон или со оцет за да го скиселите млекото.

Како се прави сурутка со лимон?

На литар млеко, се користи сок од еден лимон (односно 8 лажички за кафе). Ако немате сок од лимон, можете да додадете исто толкава количина оцет. Млекото ставете го да се загрее па тргнете го од оган и додадете го сокот од лимон и оставете на топло. Потоа процедете го низ газата и подготвено е за консумација. Секако, на овој начин ќе добиете и здраво сирење во кое можете да додадете и малку сол.