Одмаздата е солена: Знаете ли како настанал чипсот?

Фото: Unsplash
224

Готвачот Џорџ бил налутен од гостинот кој се пожалил дека печените компири му се предебело исечени. Бесно влетал во кујната и ги исекол компирите колку што е можно потенко. Потоа ги пржел и ги пржел и ги пржел и на крај обилно ги посолил.

Легендата за тоа како е создадена напопуларната закуска во светот датира од 1853 година. На денешен ден, 24 август, американскиот готвач Џорџ Крум Спек го испекол првиот чипс во ресторанот Moon’s Lake House, недалеку од Саратога Спрингс (Њујорк) и тоа за одмазда! Приказната вели дека готвачот бил налутен од гостин кој се пожалил дека печените компири му се предебело исечени. Џорџ бесно влета во кујната и ги исекол компирите колку што е можно потенко. Потоа ги пржел и ги пржел и ги пржел и на крајот обилно ги посолил.

На изненадување на Крум, гостинот бил воодушевен од јадењето и веднаш нарачал уште една порција. Подоцна беше докажано дека оваа приказна во која долго се верувало е лажна бидејќи биле пронајдени претходни рецепти за тенко сечени пржени компири, но Крум веќе заработил слава и влегол во историјата.

Во меѓувреме, сестрата на Крум, Кејт Викс, му објавила на светот дека таа е вистинскиот пронаоѓач на чипсот, објаснувајќи го инцидентот кога тенко парче компир ѝ паднало во врело масло. Очигледно го вкусил и Крум на кој многу му се допаднало. Нејзиниот некролог, објавен во The Saratogian во 1924 година, гласел: „Сестрата на Џорџ Крум, г-ѓа Кетрин Викс, почина на 102-годишна возраст. Таа беше готвачка во Moon’s Lake House. Таа прва го измисли и го испече познатиот Саратога чипс.

Чипсот на Крум остана локален деликатес до 1920-тите кога продавачот и претприемач Херман Леј се упатил кон југ и ги понудил своите чипсови. Наследството на Крум наскоро стана предмет на масовно производство и дистрибуција.