Пекарски Олимписки игри во Римини

Фото: Pexels
98

Викендов во италијанскиот град Римини ќе се одвива престижниот пекарски натпревар кој ќе го собере кремот на светската сцена, поточно на прехранбената индустрија за пекарски производи, десерти и кафе. Функционира врз принципот на покани, а Македонија, за жал, нема свои претставници

Пекарството одамна прерасна од обична подготовка на леб во љубов за целиот процес и начин на живот. За тоа сведочи зголемениот број на луѓе, поединци и пекари кои приготвуваат домашни лебови со кисело тесто.

Викендов (21 и 22 јануари) во италијанскиот град Римини ќе се одвива престижниот пекарски натпревар кој ќе го собере кремот на светската сцена, поточно на прехранбената индустрија за пекарски производи, десерти и кафе. Натпреварот функционира по принципот на покани, а годинава за првпат доби покана и Хрватска, поточно тимот од загрепската пекара Bread Club, мала пекарница која започна од загрепска Трешњевка, а за многу краток период се етаблираа како најважен фактор на sourdough сцената и отворија четири продажни места и поголем производствен капацитет.

Натпреварот ќе се одвива во два дена, од кои првиот ден натпреварувачите ќе имаат само еден час да го подготват тестото, додека вториот ден ќе имаат осум часа да подготват производи во пет категории.

За жал, Македонија нема да има свои претставници, но не значи дека тоа нема да се случи некоја наредна година.