Пилешките крилца се опасни за јадење: Лага или факт?

Фото: Unsplash
254

Денес на нашата ФБ група „Готвиме со стил“ се појави реакција на текстот кој го пренесовме на нашиот портал, а се однесуваше на пилешките крилца, односно, тврдеше дека се најнездравите делови за консумација. И со право, со оглед на тоа што го немавме навдено изворот на текстот. Внимателно го проверивме ова тврдење на сајтот наречен Лага или факт (Hoax or fact). Еве што велат таму

Откако вчера на нашиот портал го објавивме текстот кој се однесуваше на пилешките крилца, односно, тврдеше дека се најнездравите делови за консумација, во нашата ФБ група „Готвиме со стил“ реагираа љубителите на крилца. И со право! Внимателно го проверивме ова тврдење на сајтот наречен Лага или факт (Hoax or fact)

Пораката од вчерашниот текст е всушност предупредување луѓето да го намалат внесот на пилешки крилца бидејќи на кокошките во ова модерно време им се инјектираат стероиди за раст (хормони) и затоа нивното консумирање може да му наштети на здравјето, особено кај женитекај кои може да дојде до формирање на цисти. Оваа приказна, според сајтот Лага или факт, е мешавина од двете.

Според овој сајт, здравствените предупредувања за јадење пилешки крилца циркулираат во различни верзии од 2004. година. Според нив, на пилињата денес им се инјектираат хормони за раст (т.е. стероиди) за брзо да го зголемат нивниот раст и производство и да ги задоволат растечките барања на пазарот. Факт е дека живинарските компании користат средства за да го зголемат своето производство, но исто така факт е дека таков тип на супстанции може да се администрираат преку адитиви за добиточна храна, но генерално, живинарските компании не ги користат овие стероидни инјекции. И дури и ако има некои хормонски остатоци во месото на кокошките одгледувани на овој начин, не е веројатно дека тие би биле концентрирани во одредени делови како што се крилјата или вратот.

Употреба на хормони кај живината
Стероидите од секаков вид за употреба кај живината не се одобрени од ФДА и нивната употреба е нелегална во многу земји како САД, Канада и Европа со децении. Според Универзитетот во Џорџија, кокошките не се хранат и не треба да се хранат со овие хормони за раст, од причини споменати подолу:

Употребата на хормони е нелегална во САД и во многу други земји.
Хормоните не се ефикасни во растот на пилешкото, бидејќи растот е исклучително сложена комбинација на метаболички функции, во зависност од широк спектар на ендокринолошки сигнали.
Администрацијата на овие стероиди за раст е исклучително тешка и е скапа работа.
Може да има негативно влијание врз перформансите на пилињата, бидејќи зголемената стапка на раст веројатно може да ја зголеми стапката на смртност од топлински стрес.
Дури и со употреба на анаболни стероиди (кои развиваат протеини во клетките, особено во скелетните мускули), потребна е правилна исхрана и вежбање за да има корист од нив.
Хормоните не се потребни, особено во случај на кокошки бројлери, бидејќи тие генетски растат брзо.
Меѓутоа, во Соединетите Американски Држави и многу други земји, одредени „стероидни хормонални лекови кои го поттикнуваат растот“ се одобрени за употреба кај говедско месо, бидејќи FDA и USDA тврдат дека се безбедни, и тоа не е без никаква контроверзи. За да се запознаат со здравствените ефекти врз луѓето во овие случаи, потребни се големи студии, со проверка на потрошувачката на месо од животни третирани со хормони и од нетретирани животни – кај луѓе со слична исхрана.

Студијата во Египет, спонзорирана од СЗО, утврди дека живината одгледувана од фармери кои користат хормони за подобрување на растот содржи покачено ниво на естрадиол (естроген) и забележа дека голем број научни студии покажаа корелација помеѓу продолжената употреба на орални контрацептивни стероиди и појавата на одредена форма на рак кај жените. Студијата заклучила дека „анаболичките агенси кои се користат во говедското и пилешкото имаат посебен ризик за јавното здравје“.

Да заклучиме, здравственото предупредување за консумирање на пилешки крилца е претерано, но да, исто така е важно да го изберете вашето месо од здрав извор.

Ако сакате, ние можеме да ви посочиме еден таков. Тоа е фармата „Петерсен“, каде што живината се храни со природна храна и слободно се шета, а за пилињата се грижат со особено внимание и љубов.