Порано ги дувавме од забава, сега ги бараме за лек

Фото: Unsplash
715

Чајот од глуварче е познат и како алтернативен лек кој дејствува на канцерогените клетки. Велат дека дејствува така што клетките зафатени со карцином се распаѓаат во рок од 48 часа, а за тоа време не заболува ниту една здрава клетка.

Глуварчето или кај народот уште познато и како млечна козица припаѓа на семејството цветни растенија и расте во многу делови од светот. Ова млечна доаѓа веројатно заради онаа млечна течност што ја испушта стебленцето кога ќе се скрши.

Кај нас е едно од најраспространетите и најлесно достапни растенија, но како деца не знаевме дека има и додадена вредност за здравјето, туку ни служеше за забава, да ги дувнеме и да скинеме ново па да го дувнеме и тоа. Иако не плаѓеа дека моѓе да оглувиме, може затоа и е познато како глуварче, иако не сум чула досега дека некој оглувел зашто дувнал глуварче. Сепак, малкумина знаат дека може да биде од особена корист за здравјето и составен дел од нашето мени и тоа цело, од коренот и стебленцето, па до листовите и цветот.

Луѓето од далечното минато знаеле за одредени лековите својства на глуварчето, па со векови го употребувале во традиционалната медицина и тоа во вид на чај, листовите како салата или како сируп. Интересно е тоа што освен што може да се јаде целото растение, сите негови делови (коренот, стеблото, листовите и цветовите) имаат свое значење за здравјето.

Глуварчето е повеќегодишна билка која цвета од март до октомври. Листовите се најдобри за употреба пред да процвета, коренот во пролет, а стеблото во периодот на цветање.

Чајот од глуварче е познат и како алтернативен лек кој дејствува на канцерогените клетки.

Глуварчето е познато по својата лековитост. Содржи високи концентрации на витамини (А, Б, Ц), минерали (особено калиум, натриум и магнезиум) и органски киселини.

Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката.

Во народната медицина глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. A сето ова значи дека токму сега е вистинско време да го вклучите во исхраната. Најлесно е да го консумирате како салата, и тоа само за себе или заедно со марула, со краставици или во било која друга комбинација.

Глуварчето е едно од најраспространетите и лесно достапни растенија на нашето поднебје.

Лековито е целото растение (корен, лист, цвет и стебло). Листовите се собираат пред да процвета растението, коренот во пролет и есен, а стеблото за време на цвет. Глуварчето се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на организмот од наталожените токсини (отрови) во организмот, а се користи дури и за најтешки болести.

На пример, кoренот од глуварчето се препорачува за лекување на карцином. За да се користи, коренот мора прво да се исуши. Пред тоа треба внимателно да се излупи и да се исече на еднакви мали парчиња. Потоа се суши на свеж воздух, раширен на подлога во период од 3 до 14 дена. Дека е сув ќе препознаете кога ќе стане ронлив на допир. Сувиот корен ги задржува лековитите својства една година доколку се чува во стаклен сад на суво и темно место. Коренот е добар за црниот дроб, бубрезите и за лимфата, лекува запек, артритис, ревматизам, хепатитис и ја чисти кожата. Корисен е за женски заболувања, особено за болести на дојките, како цисти, карциноми, отечени гради и проблеми со доењето и млекото.

Хрватскиот професор по генетика Маријан Јошт тврди дека глуварчето ги убива малигните клетки во организмот на човекот.

„Благодарение на ова растение, јас сум уште жив“, вели професорот, кој го потврдил сознанието до кое дошле научниците од Универзитет Виндзор во Канада. Имено, чајот од глуварче дејствува на клетките зафатени со карцином, и тие се распаѓаат во рок од 48 часа, а за тоа време не заболува ниту една здрава клетка.

Меѓу другото, глуварчето го подобрува варењето на храната и е добар лек за пациенти кои страдаат од желудочни и тегоби во цревата. Докажан е и како ефикасен лек за заболувања на црниот дроб како што се: жолтица, цироза, камен во жолчка и воспаленија на жолчното ќесе. Глуварчето ја прочистува крвта и го намалува нивото на „лошиот“ холестерол, ги ублажува ревматските болки. Има позитивни дејства и ги прочистува мокрачните патишта, мочниот меур и бубрезите.

Чај од глуварче

Чај од корен се приготвува на тој начин што една кафена лажичка сув иситнет корен се става во половина литар вода да проврие 10 минути. Чајот се пие 4 пати по половина чаша. Од надземниот дел чајот се подготвува такашто една супена лажица листови и цветови се прелеваат со чаша врела вода, се остава да стои 10-15 минити, се процедува, се засладува со мед и се пие 4 пати дневно по 100 ml.

Салата од листови од глуварче 
Подготовка: За салата се потребни свежи млади листови (набрани пред да процвета растението). Насецкајте ги листовите, прелијте со маслиново масло, додајте сол по желба и лимон. Може да се комбинира и со други салати по желба.