Посен десерт со гриз и чиа семе

572

Кога под итно ви се јаде нешто благо, направете си гриз, а во него можете да додавате што ви душа сака. Наместо шеќер, ние ставивме мед

Состојки:

1.200 мл вода

200 г гриз

100 г кокос

1 лажица кокосово масло

2 лажици какао

2 лажици чиа семе

3-4 лажици мед

100 г ореви

слатко по желба

Приготвување:

Ставете го кокосовото масло во тенџере па пропржете го малку гризот и додавајте вода постојано мешајќи додека не ја добиете посакуваната густина.

Поделете ја содржината на два дела и во едниот ставете го кокосот и мед по желба, а во вториот додадете какао, сечкани оревчиња, чиа семе и мед по желба.

Ставете прво од белата смеса во стаклени садови, а одозгора од чоколадната. Поросете со оревчиња и по желба ставете малку слатко (ние ставивме домашно слатко од јагоди).