Природни лекови за песок и камења во бубрезите

Фото: Unsplash
651

Подготвивме неколку природни рецепти кои ќе ви помогнат засекогаш да се ослободите од песокот и камењата во бубрезите или ќе ви послужат како превенција доколку вашиопт организам е склон да ги создава.

Модерната медицина денес овозможува многу ефикасно лекување за пациенти кои страдаат од појава на песок, а подоцна и камења во бубрезите во вид на разбивање на негативните наталожени материи. Разбиените ситни честички пациентот може безболно да ги исфрли од телото. Но, често се случува пациентите и покрај оваа процедура да им се врати песокот во бубрезите. Затоа е многу важно да преземете одредени чекори за превенција, лекување и здрави навики, кои ќе ви помогнат да се справите со оваа подмолна појава до крајот на животот.

Подготвивме и неколку природни рецепти кои ќе ви помогнат засекогаш да се ослободите од песокот и камењата во бубрезите.

Сируп од лимон, мед и магдонос со маслиново масло

Секоја од овие состојки има свои позитивни ефекти врз уринарните канали:

Магдоносот се смета за природен диуретик (средство за подобрување на излачувањето на урината), медот и маслиновото масло како антибактериски природни лекови, а
лимонот ја зголемува киселоста на урината.
Еве ги состојките што ви се потребни:

1 голем органски лимон;
1 поголема китка магдонос;
300 мл јаворов сируп;
250 мл екстра девствено маслиново масло;
250 гр мед.
Подготовката на овој пијалак е многу едноставна. Сите состојки, вклучувајќи цел лимон, сосе кора се блендираат. Готовата смеса се става навечер во фрижидер, додека наутро ќе биде подготвена за консумирање.

По една лажица наутро и пред спиење!

Природен пијалак направен од маслиново масло, сок од лимон и пиво

Комбинацијата на овие состојки не изгледа особено привлечна, но може да биде многу ефикасна за ослободување од песок и камења.

Состојки:

100 мл сок од лимон;
100 мл ладно цедено маслиново масло;
100 мл пиво.
Подготовката вклучува истурање на сите состојки во едно шише и мешање додека не се соединат. Пијте неколку мали голтки секое утро на празен стомак и гледајте ги ефектите од овој природен лек.

Подгответе увин чај дома

Една од најчестите препораки кога станува збор за природен третман на камења во бубрезите е пиењето увин чај, бидејќи содржи хидрокинон и неговите деривати.

Го стимулира мокрењето со елиминирање на бактериите.

Сè што треба да направите е да прелиете една лажица увин чај со врела вода. Не додавајте засладувачи или нешто друго, само почекајте да се излади и испијте!

Сокот од калинка како вкусен и ефикасен природен лек

Сокот од калинка лесно се подготвува дома. Земете неколку зрели плодови од калинка и исцедете ги, додадете мала количина вода за да ја намалите концентрацијата на органски киселини и вашиот вкусен пијалак е готов!

Намирници погодни за секојдневна употреба

Покрај рецептите кои ви ги препорачавме, ве советуваме и редовно да ги консумирате следните намирници за да го прочистите организмот:

босилек – влијае на балансот на течности, минерали и киселина во бубрезите;
целер – помага во излачувањето на урината;
урми – содржат манган, бакар и магнезиум кои влијаат на чистењето на бубрезите;
бамја – овој сезонски зеленчук содржи минерали кои спречуваат кристализација во бубрезите;
грав – богат со магнезиум и помага за растворање и исфрлање на камењата.

Заедно со храната и рецептите што можевте да ги најдете во текстот, задолжително е да пиете доволно количество течности, особено вода. Со сите наши препораки веруваме дека превенцијата, лекувањето и исфрлањето на песокот и камењата од бубрегот ќе бидат поефикасен процес. Со среќа!