Некои луѓе имаат навика додека чекаат на јадењето, ако се многу гладни, да се залажат така што ќе си намачкаат путер на кришка леб. Други пак, на овој начин се дојадуваат. Оттука, многу логично звучи онаа француска изрека која вели дека се потребни три работи за добро јадење: путер, путер и уште малку путер.
Честопати, кога се многу гладни, а јадењето на кое чекаат уште не е готово, некои луѓе знаат да си намачкаат путер на леб. Во многу ресторани се практикува истото. На гостите им се нудат леб и путер за да можат потрпеливо да ја дочекаат нарачката. Некои луѓе пак се чувствуваат како да не се дојале ако после јадењето не намачкаат малку путер на леб.
Речиси и нема подобра комбинација од онаа кога на тукушто испечен леб ќе намачкате путер. Или кога ќе ја почувствувате аромата на путерот кој чрчори во тавата.
Оттука, многу логично звучи онаа француска изрека која вели дека се потребни три работи за добро јадење: путер, путер и уште малку путер.
Еве што треба да знаете за путерот.
При пржење на путер треба да се внимава температурата да не премине 150 степени. На повисоки температури немрсните материи од путерот почнуваат да горат, а тоа најлесно може да се спречи со додавање на зејтин или користете го путерот за динстање и печење
Путерот по својот состав е концентрирана млечна маст, со присуство на помала количина на вода и други состојки, т.н. немасни крути материи (белковини, лактоза, минерални материи и витамини А, Д и Е). Богат е со масни киселини со краток и средно долг синџир.
Тој е симбол на француското кулинарство и слаткарство и неизбежна намирница во професионалните кујни во подготвувањето на намази, сосови, слатки и основа на многу јадења. Француската изрека вели дека се потребни три работи за добро јадење: путер, путер и уште малку путер. Гастрономски гледано, богатиот вкус на храната која се подготвува со путер го надминува оној на храната подготвена со други маснотии.
Ghee
Ghee, познат и како прочистен путер или масло, е обработен путер без протеински и воден дел. Путерот полека се топи, се отстранува пената од површината и се процедува, со што се издвојуваат протеините и водата и на тој начин се остварува поинтензивен вкус и арома, но и повисока точка на чадење од 180 степени, поради што може да се користи и за пржење.
Beurre noisette
Кафеавиот путер е вистинско мало готварско чудо, употребливо на безброј начини, едноставно за подготвување. Путерот на ниска температура се топи и потоа полека запенува. Во тој процес испарува водата, а путерот станува златнокафен.. Таа боја е знак дека е готов. Уште поважен е сигналот на мирисот. Кујната замирисува убаво по јаткасти плодови. Мирисот најмногу потсетува на лешник, оттука и францускиот назив, beurre noisette, „лешников путер“ во буквален превод.
Путер или маргарин?
За разлика од путерот, маргаринот е индустриски добиена намирница при што се користи постапка на делумна хидрогенизација на растителни масла, во кои можат да настанат и непожелни трансмасни киселини. Маргаринот содржи и заситени и незаситени масни киселини, а често е збогатен со и со витамини (особено А и Е). Со поиновативни процеси путерот денеска се произведува такашто содржи минимален дел трансмасни киселини (помалку од 1%), но и натаму е подобар прехранбен избор.