Рене Реџепи следната година ја затвора Нома во Копенхаген

Фото: Фејсбук
290

Нома неколку пати беше прогласуван за најдобар ресторан во светот, доби трета Мишелин ѕвезда и засекогаш ја промени не само ресторанската индустрија туку и дефиницијата за гастрономија. Деновиве Рене Реџепи најави дека Нома во оваа форма ќе постои само уште една година.

Славниот Рене Реџепи постигна многу и неговиот ресторан Нома неколку пати беше прогласуван за најдобар во светот, доби трета Мишелин ѕвезда и засекогаш ја промени не само ресторанската индустрија туку и дефиницијата за гастрономија. Деновиве тој најави дека Нома во оваа форма ќе постои само уште една година. Најавува огромни промени. Реџепи вели дека после идното летно мени 2023.повеќе нема да ја отвара Нома.

Реџепи на социјалните мрежи објави дека после тоа мени ќе патува низ светот со целиот тим за да готви, да учи и да бара нови инспирации. Дестинациите се уште не се одредени. Ова не е прв ваков план, кога Нома се пресели во сегашниот простор и додека чекаа на реновирање, тимот на Реџепи цело време работеше на поп-ап локации во Јапонија, Австралија, Мексико и на други места.

Одлуката за затворање на Номе, пишува Реџепи, созревала три години. Искуството со пандемијата веројатно ги забрза работите, но поверојатно е дека Реџепи само ја следи својата бескомпромисна филозофија на оригиналност и инвентивност, што е тешко да се имплементира на едно место и во ресторан кој наполни дваесет години. Ако Нома беше на вашата листа на работи што треба да ги направите во животот, препорачуваме да резервирате уште денес. Списоците се полнат со молскавична брзина.