Решете три здравствени проблеми со помош на млад кромид

Фото: Pixabay
510

Младиот кромид може да помогне во регулирањето на крвниот притисок и има антиинфламаторни својства, но најбрзо ги решава овие 3 проблеми.

Младиот кромид може да помогне во регулирањето на крвниот притисок и има антиинфламаторни својства. Делува и против стрес, габи и замор. Сепак, ова се трите здравствени проблеми кои младиот кромид најбрзо ги решава.

Болки во грлото – исечете страк од зелениот дел од младиот кромид на парчиња, додадете малку рендан ѓумбир и сол, па сето тоа ставете го во платнена крпа и загрејте. Топлиот облог завиткајте го во друга крпа и ставете го на воспаленото место.

Потечени нозе – варете го младиот кромид неколку минути. Измешајте го со блендер (додадете многу малку вода доколку е потребно) додека смесата не се претвори во паста. Оваа паста нанесете ја на отечените делови од нозете.

Затнат нос – Згмечете малку од зелениот дел од младиот кромид и во неговиот сок натопете парче вата. Нанесете го овој влажен облог на носот и областа на синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе ги отвори дишните патишта.