Овесната каша ја истенчува половината, но го намалува и холестеролот

Фото: Pixabay
553

Во едно истражување од 2017 година, луѓето кои јаделе 70 грама овесни снегулки два пати на ден во текот на четири недели доживеале намалување на вкупниот холестерол за 8,1 отсто.

Експертите велат дека е доста тешко да се пресмета точно во која количина треба да се јаде овесна каша за да имате корист за срцето и за општото здравје.

Ако сте слушнале дека овесната каша е добар избор за вашето срце, а не сте разбрале зошто е тоа така, тогаш треба да знаете дека овесот бил предмет на бројни истражувања.

И сите истражувања се едногласни – таа е добар избор за појадок и за вашиот кардиоваскуларен систем, бидејќи содржи вредни компоненти.

Ќе заборавите на гладот

Овесната каша дава чувство на ситост долго време, најдобро е да се јаде со овошје, јаткасти плодови или со додаток на чај, млеко по избор. Секако дека ваквиот појадок е еден од најздравите и ваш безбеден пат до витка линија.

Посебна состојка

Истражувањето за ефектот на овесната каша врз здравјето на срцето започнало кога диететичарите забележале авенантрамид во овесот. Во последните неколку децении, авенантрамидот доби интерес меѓу нутриционистите и кардиолозите бидејќи истражувањата покажуваат дека нуди голем број здравствени придобивки и го намалува ЛДЛ холестеролот. Исто така, присуството на бета-глукани е многу скапоцено за да имате поздраво срце.

Што е авенантрамид?

Авенантрамидите се група на антиоксиданти класифицирани како полифеноли. Полифенолите се моќни микронутриенти кои се наоѓаат во некои природни намирници и пијалаци, како што се грозјето, зелениот чај, виното, црвеното овошје и кафето. Националниот институт за срце, бели дробови и крв наведува дека авенантрамидот е фитохемикалија која се наоѓа во овесот и може да има антиоксидантно и антиинфламаторно дејство. Докажано е дека дневното дополнување со овесни капсули авенантрамид од овес од 3,12 милиграми дневно за еден месец значително го намалува вкупниот холестерол за 11,1 отсто, а триглицеридите за 28,1 отсто.

Бета глуканот е исто така неопходен сојузник

Според експертите, постои истражување кое ја поддржува идејата дека консумирањето овес од цело зрно и овесни снегулки е многу добро за нивото на холестерол, пред сè, поради бета глуканот.

Колку овес треба да јадете за да му користи на вашето срце?

Експертите велат дека е доста тешко да се пресмета точно колку овесни снегулки треба да изедете за да имате корист за вашето срце и општото здравје. Отприлика, би било добро за повеќето возрасни луѓе да јадат половина шолја варени овесни снегулки дневно.

Управата за храна и лекови на САД наведува дека консумирањето три грама бета глукан од овес дневно може да го намали ризикот од коронарна срцева болест.

Кој овес е најдобар?

Експертите велат дека секој вид овес има здравствени придобивки. Но, нутриционистката Карен Греам наведува дека видовите овесни снегулки кои се варат побавно, најнеобработените, се најздрави. Исто така, треба да избегнувате производи од овес кои имаат додадени шеќери, масти, вештачки вкусови.

Доколку правилно избирате и сте редовни и доследни, по еден месец можете да очекувате дека ќе ви се подобри холестеролот, како и дека ќе имате значително помала тежина. Имено, во едно истражување од 2017 година, луѓето кои јаделе 70 грама овесни снегулки два пати на ден во текот на четири недели доживеале намалување на вкупниот холестерол за 8,1 отсто.