Овој едноставен напиток со мед е вистински сојузник за одржување на доброто здравје.
Се вели дека здравјето доаѓа од желудникот, па затоа секојдневното консумирање мед е најдобар начин да ги искористите неговите благодети. Особено ако имате проблеми со варењето, а особено запек.
Водата со мед го олеснува преминувањето на храната од тенкото во дебелото црево, ги неутрализира гасовите и го смирува желудникот. Истражувањата покажаа дека помага и во лекувањето на чир на желудникот или бактериски гастроентеритис.
Покрај тоа, водата со мед помага во исфрлање на токсините, а со додавање на сок од лимон станува сојузник во слабеењето. Има и антибактериско дејство. Медот е полн со ензими, витамини и минерали кои се борат против штетните бактерии.
Како природен антиоксидант ја чисти кожата и го регулира нивото на шеќер во крвта.
За да го подобрите варењето, пијте го овој едноставен напиток секое утро на празен стомак.
Состојки:
2 дцл млака вода
1 лажица мед
Приготвување:
Добро измешајте ги водата и медот.
Пијте кога медот ќе се стопи.
Забелешка:
Водата мора да биде млака, а не топла, бидејќи високата температура ги уништува хранливите и корисни материи во медот.