Сок од една калинка задоволува 40 отсто од дневната потреба за витамин Ц

Фото: Unsplash
250

Ракот на простата е најчестиот вид на рак кај мажите, а ракот на дојката е најчестиот вид на рак кај жените. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка може да го намали ризикот од рак на простата и дојка, како и да помогне да се спречи понатамошно ширење.

Сокот од калинка има големо влијание врз здравјето, а бројни претходни истражувања покажаа дека калинката, како и сокот од калинка, одлично делува на здравјето на организмот. Со оглед на тоа што моментално е сезона на калинката, вистинско време е да уживате во неа секој ден.

Просечната енергетска вредност на 100 г калинка е 310 kJ (74 kcal). Таа е богат извор на калиум, а содржи и магнезиум, фосфор, калциум, железо, бакар. Од витамините содржи каротеноиди, некои витамини од групата Б и витамин Ц. Калинката е навистина супер здраво овошје, можеме да ја најдеме во различни форми како сок, екстракт, сируп и слично, но најздрав е чистиот сок од калинка.

Калинката како лек има антиинфламаторно, антивирусно и антибактериско дејство. Таа е симбол на љубовта и плодноста и се јаде уште од дамнешни времиња, не само поради вкусот, туку и поради лековитите својства.

Сок од калинка
Витамин Ц
Сокот од една калинка содржи повеќе од 40% од вашата дневна потреба од витамин Ц. Витаминот Ц може да се разгради кога се пастеризира, затоа одлучете се за домашен или свеж сок од калинка за да го искористите максимумот од хранливите материи.

Варење
Сокот од калинка може да го намали воспалението во цревата и да го подобри варењето. Може да им користи на луѓето со Кронова болест и други воспалителни болести на цревата.

Антивоспалителни својства
Сокот од калинка има моќни антиинфламаторни својства поради високата концентрација на антиоксиданти. Тоа може да помогне да се намали воспалението низ телото и да се спречи оксидативен стрес и оштетување.

Крвен притисок
Пиењето сок од калинка дневно може да помогне и во намалување на систолниот крвен притисок. Сеопфатен преглед на рандомизирани контролирани испитувања утврдил дека дневниот внес на сок од калинка ќе биде корисен за здравјето на срцето.

Го намалува ризикот од рак
Ракот на простата е најчестиот вид на рак кај мажите, а ракот на дојката е најчестиот вид на рак кај жените. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка може да го намали ризикот од рак на простата и дојка, како и да помогне да се спречи понатамошно ширење.

Го зајакнува имунитетот
За зајакнување на имунитетот и спречување на здравствени нарушувања, експертите препорачуваат дневна конзумација од 2,5 децилитри свежо подготвен сок од калинка.