Зошто оревите се толку добри за здравјето на нашиот мозок?

205

За оние кои страдаат од мигрена, исхраната богата со ореви (омега-3 масни киселини) може да ја намали и зачестеноста и сериозноста на главоболките, велат невролозите.

Кога би требало да изберат една од намирниците кои ја подобруваат функцијата на мозокот, вели брачната двојка невролози д-р Дин и Ајеши Шерзај, би ја избрале онаа богата со незаситени масни киселини, минерали и витамини, а тоа се оревите.

„Оревите се најпроучени јаткасти плодови досега, а со сигурност знаеме дека се неверојатен извор на полинезаситени масти, многу важни за работата на крвните садови кои снабдуваат различни делови од нашиот мозок со кислород и хранливи материи“, објаснуваат невролозите.

Една неодамнешна студија покажала дека полинезаситените масти (особено омега-3 масните киселини) можат да го намалат стресот, а друга студија вели дека исхраната богата со омега-3 масни киселини исто така може да помогне во одржување на здрава емоционална рамнотежа и позитивно расположение.

Исто така, за оние кои страдаат од мигрена, исхраната богата со омега-3 масни киселини може да помогне во намалувањето на зачестеноста и сериозноста на главоболките.

„Студиите покажаа дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови имаат поздрав мозок со помала веројатност да страдаат од каква било форма на деменција“, велат невролозите за Mind Body Green, додавајќи дека јаткастите плодови содржат и многу хранливи материи и минерали кои му се потребни на мозокот: како влакна, селен. , магнезиум и калиум.

Оревите лесно се вклучуваат во исхраната, имајќи на ум дека често се наоѓаат во рецептите и за солени јадења и за десерти.

Добар е и путерот од орев. Доволно е да додадете само една кафена лажичка во главното јадење или ужина.

За здрав мозок, невролозите препорачуваат дневна доза од една рака ореви.