Сок од лубеница – одлична идеја за летно чистење на организмот

Фото: Pexels
222

Благодарение на глутатионот, лубеницата ја поттикнува работата на вашиот црн дроб, најголемиот чистач на телото. Освен што ја стимулира детоксикацијата на вашето тело, лубеницата е и нискокалорична – една шолја содржи само 46 калории, па затоа е одлична и за одржување на добра фигура, односно за губење на вишокот килограми.


Лубеницата се состои од дури 92 отсто вода, па затоа е идеална особено во летните месеци, кога многу се потиме. Покрај одличната хидратација и освежување, особено ако се јаде разладена, одлична е и за детоксикација на организмот.

Ова овошје задоволува 20% од потребите на организмот за витамин Ц, како и 17% од потребата за витамин А. Содржи и витамини од Б-комплексот, како што се тиамин, пиридоксин и рибофлавин.

Лубеницата е богата со цитрулин, аминокиселина која делува и како одличен диуретик, што значи дека го поттикнува мокрењето, а со тоа и го чисти организмот.

Богата е и со аргинин, кој заедно со цитрулинот ја подобрува циркулацијата и спортските перформанси, па затоа сокот од лубеница е одличен за пиење пред поинтензивни физички активности.

Со консумирање на сок од лубеница, во организмот ќе внесете изобилство на диетални влакна, благодарение на што ќе ви се исчистат цревата.

Ова овошје е одлично и за здравјето на бубрезите бидејќи содржи ниско ниво на натриум и високо ниво на калиум, минерал кој природно го намалува крвниот притисок. Благодарение на глутатионот, лубеницата исто така добро ја поттикнува работата на вашиот црн дроб, најголемиот чистач на телото.

Содржи и високо ниво на ликопен, кој ги штити клетките од оштетување, има антиинфламаторно дејство и е одличен за здравјето на простатата.

Освен што ја стимулира детоксикацијата на вашето тело, лубеницата е и нискокалорична – една шолја содржи само 46 калории, па затоа е одлична и за одржување на добра фигура, односно за губење на вишокот килограми.

Сок од лубеница – одличен за детоксикација

Иако најчесто се јаде на парчиња, можете да подготвите и здрав сок од лубеница кој ќе ви помогне да го прочистите телото.

Бидејќи лубеницата е сочна и има меко месо, не ви треба соковник за да направите сок.

Сѐ што ви треба е блендер, а другите состојки – лиметата и нането, за дополнителна свежина. Доколку имате блендер со поголема моќност, слободно оставете ги и семките, исто така ќе се здробат и убаво ќе се соединат со сокот.

Ако сакате чист сок без никакви траги од пулпа, можете да го процедите во густа цедалка.

Од друга страна, ако користите соковник, можете да блендирате и кора од лубеница (се разбира доколку не е третирана со пестициди), која е богата со цитрулин, но претходно добро измијте ја.

Бидејќи ова овошје, особено кога е доволно зрело, содржи природна сладост, не треба да додавате засладувач во сокот.

Сок од лубеница – рецепт

Состојки:

4 чаши лубеница исечкана на коцки
2 лажици свежо исцеден сок од лимета (ако немате лимета, можете да ставите сок од лимон)
неколку листови нане

Приготвување:

Во блендер изблендирајте ги лубеницата, сокот од лимета и нането.

Овој сок можете да го чувате во фрижидер во тегла со капак до 3 дена. Но, најдобриот ефект го има сепак кога е свежо подготвен.

Послужете го со коцки мраз и парчиња лимета.

По желба, лиметата можете да ја замените со лимон, кој е одличен извор на витамин Ц и е одличен за детоксикација, а листовите нане можете да ги замените со босилек.

Тридневен пост со сок од лубеница

За одлична детоксикација на телото во лето, пробајте тридневен пост со сок од лубеница.

За време на таков пост, сè што консумирате и внесувате во вашето тело е свеж сок од ова сочно овошје.

По само три дена, телото ќе се одмори од консумирање на друга храна, ќе забележите позитивни промени, како надворешно, така и внатрешно.

Не само што вашата кожа и коса, благодарение на антиоксидантите, ќе изгледаат подобро и ќе блескаат, туку и самите ќе се чувствувате подобро.

Вашето тело ќе се ресетира, вашите когнитивни способности ќе се подобрат, ќе поттикнете губење на тежината и ќе го зголемите нивото на енергија и ќе ги намалите воспалителните процеси во телото.

Искористете ги сите предности на ова летно овошје кое ви гарантира освежување, уживање во вкусот, но и одлична детоксикација!