Тофу – неговото консумирање и причини зошто да го внесете во вашата исхрана

193


Како се консумира и кои се причините да го внесете во вашата исхрана – на оваа тема зборува нутриционистката Симона Коруновска во соработка со dm.

Тофу е „сирење“ направено од млеко од соја. Вегански продукт, кој има малку калории, а многу протеини кои ги имаат сите девет есенцијални аминокиселини неопходни за правилна функција на телото. Редовна консумација на тофу може да помогне при регулирање на телесната тежина, „топлите бранови“ за време на климакс, регулирање на холестеролот итн. Дополнително, ова е одличен извор на протеини за време на постите.

Лесно впива вкусови, што го прави лесен за готвење на многу начини, а секако опцијата да остане каков што е, не е исклучена. Тврдото пастеризирано тофу е готов продукт кој треба да само да се исцеди од вишокот вода и веќе е спремен за консумација.

Содржи големо количество железо, калиум, манган, селен, цинк итн. За сите оние што немаат многу време за подготовка на оброци, а сепак сакаат да се исхрануваат балансирано, тофуто е одлична опција. Лесен за подготовка, балансиран и вегански оброк кој содржи доволно количество протеин и растителни влакна.

Брз и лесен начин на кој може да го искористите овој вид сирење е тофу сендвичот.

Тофуто го сечете на тенки парчиња и го ставате да се маринира 30 минути во соја-сос, јаворов сируп и лук во прав. Потоа кратко ги потпекувате парчињата леб и ги премачкувате со био намаз. Ја редите зелената слата, парче домат и исечкани кисели краставички. Веќе маринираното тофу, го карамелизирате во загреана тава 5 до 6 минути со малку маслиново масло, а потоа го ставате во сендвичот и послужувате.

Погледнете ги потребните состојки и целата постапка за подготовка тофу-сендвичи: Тофу-сендвич

Ако постојано се прашувате какви својства имаат продуктите кои ги консумираме, дали одредени алтернативи се навистина поздрави или, пак, тоа е само мит – на веб-сајтот на dm може да пронајдете уште повеќе нутритивни факти, рецепти и корисни совети!