Храна која е пожелна за намалување на желудочната киселина

Фото: Unsplash
1.240

Сте слушнале за храна која може да ја влоши киселината, од кафе до чоколадо и домати. Но, дали знаете која храна е корисна за намалување на киселоста во желудникот? Погледнете неколку клучни намирници што треба да ги додадете во вашата исхрана.

Различни фактори можат да предизвикаат стомачна киселина. Лошите навики, нездравиот начин на живот и неправилната исхрана се главните виновници за појавата на киселина во желудникот.
Киселината е чувство на болка и печење што се јавува во средишниот дел на градниот кош или во горниот среден абдомен. Непријатноста дополнително се влошува во лежечка положба. Кога киселината и другите течности во стомакот се враќаат во хранопроводникот, добивате киселини. Меѓутоа, киселината во вашиот стомак не е единствениот проблем.

Храна за намалување на желудочната киселина
За да ја спречите киселината, оброците засновајте ги на природна храна со ниска киселина, како што се:

Дињи и банани
Иако повеќето овошја имаат висока содржина на киселини, со овие не е така. Бананите се секогаш добри како ужина. Добри се сите видови дињи, како и лубениците.

Овесна каша
Тоа е одличен начин да го започнете денот. Овесната каша не предизвикува рефлукс, ве заситува и има многу здрави влакна.

Житарици
Дури и птиците на гранка знаат дека интегралните житарки, кои содржат зголемен дел диетални влакна, се повеќе од погодни за дигестивното здравје. Затоа се препорачува леб од цело зрно, грахам печива, овесна каша и кафеав ориз. Не комбинирајте тестенини со сирење или масти.

Ориз и кускус
Овие здрави сложени јаглехидрати се одлични ако имате киселини. При изборот на ориз, одберете кафеав ориз, кој има повеќе влакна.

Зелен зеленчук
Брокулата, аспарагусот, боранијата, целерот и карфиолот имаат малку киселина.

Немасна живина и месо
Подгответе пилешко и мисирка на жар, печено или готвено на пареа. Само извадете ја кожата и немојте да пржите. Дури и меленото говедско месо и стек може да бидат во ред, доколку не се масни.

Компир
Добар е и другиот коренест зеленчук освен кромид.

Риба
Рибата на скара, поширана и печена е добар избор. Само не ја пржете и не користете масни сосови.

Белки

Тие се добар извор на протеини и имаат малку киселина. Само прескокнете ја жолчката, која е поверојатно да предизвика симптоми.

Природен лек за прекумерна киселина во желудникот

Бадемите се најефективниот природен лек против вишокот на киселина во желудникот. Бадемовото млеко е уште подобра опција од бадемите, кои можете да ги изматите во смути со банани, јагоди и спанаќ.

Сода бикарбона за желудочна киселина
Измешајте малку сода бикарбона во чаша вода и испијте ја. Оваа смеса веднаш ќе ја неутрализира киселината во желудникот и ќе го намали чувството на притисок.

Чај за желудочна киселина
Чај од ѓумбир
Исчистете го и исечкајте го коренот од ѓумбир со големина на палец. Се вари во вода, па се остава да отстои 15 минути. Чајот пијте го додека е уште топол, бидејќи тогаш е најизразено неговото антивоспалително дејство.