Мажите што сакаат да станат татковци треба да јадат праски

Фото: Unsplash
201

Праските се здрави за сите, а особено се препорачуваат за деца, заради витаминот Б2 кој е одговорен за правилен раст и развој, како и за мажите кои сакаат да станат татковци, бидејќи ја зголемуваат плодноста

Научно истражување покажало дека праските можат да ја зголемат плодноста кај мажите, да го намалат крвниот притисок и да спречат појава и натамошна прогресија на ракот.

Благодарение на витаминот Б2, корисен е и за одржување на добар вид, мека и еластична кожа, а со тоа и младешки изглед.

Особено се препорачува за деца, бидејќи витаминот Б2 е одговорен за правилен раст и развој. Покрај тоа, праските го стимулираат варењето, особено, тешко сварливата и масна храна, бидејќи го зголемуваат лачењето на желудочните сокови и ги запираат мачнините и повраќањето.

Праската, исто така, има многу корисен ефект во случај на акни, анемија, астма, проблеми со жолчката, заболувања на забите и усната шуплина, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, дебелина, губење на меморијата, депресија, егзема и нервоза.

Семките од праска се користат за правење масло кое е одлично за сува и постара кожа, бидејќи има добар ефект против брчки. Ова масло може да се користи за секаков тип на кожа, но најпогодно е за сува кожа. Чајот од праска е добар за срцето, црниот дроб и белите дробови, но за него е потребен цвет од праска, па ќе треба да ја почекате следната сезона на цветање: 30 грама цветови од праска се преливаат со пет децилитри врела вода и малку млеко, нека отстои 10 минути и пијте по една шолја три пати на ден.

Во жешките летни денови, праската помага да се разладите и да се освежите. Поради пријатниот вкус и лековитите својства, заслужува да се најде во секоја летна овошна салата, а можете да ја измешате во блендер со јогурт и да добиете освежителен здрав и хранлив пијалак.

Праските содржат многу вода и малку калории, затоа се погодни како диуретик и за чистење на организмот, но содржи и корисни состојки: бета каротен, протеини, растителни влакна, растителни масти, растителни хормони, биотин, витамин А, Б витамини, витамин Ц, витамин Е, железо, етерични масла, калиум, калциум, магнезиум, минерални соли, натриум, органски киселини, селен, скроб, сулфур, фосфор, јаглехидрати, целулоза, шеќер …