Целер за здраво срце, против холестерол, чир на желудник, нервна напнатост…
Консумирањето целер помага во одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, а е идеална намирница и за пациенти со висок холестерол.
Целерот е богат со различни витамини и минерали, поради што е едно од најлековитите растенија.
Заедно со морковите и магдоност е многу застапен во кујните ширум светот, а неговите својства се применливи и во алтернативната медицина.
Листот од ова растение може да се користи и како украс за јадења, а самиот целер во исхраната се користи свеж или варен.
Витамините содржани во ова растение не можат ни да се избројат. Богат е со витамини од Б комплексот, витамин Ц и К, фолна киселина и калиум.
Консумирањето целер помага во одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, а е идеална намирница и за пациенти со висок холестерол.
Уште Хипократ препишувал употреба на сок од целер за лекување на нервната напнатост.
Целерот ефикасно го намалува воспалението. Семето од целер содржи околу 20 антиинфламаторни соединенија кои му помагаат на телото при воспаленија.
Го регулира варењето и помага во зачувување на дигестивниот тракт
Содржи соединенија кои го штитат желудникот и го спречуваат неговото оштетување. Докажано ја намалува појавата на чир на желудникот. Покрај тоа, целерот содржи 95 проценти вода и овозможува нормално варење на храната и ја одржува цревната бактериска флора.
Го намалува нивото на холестерол
За да го одржите здравјето на срцето, вклучете целер во вашата секојдневна исхрана. Докажано е дека ова растение може да ја намали вкупната концентрација на холестерол и триглицериди.
Целерот се препорачува и за луѓе кои имаат проблеми со регулирањето на шеќерот во крвта, најмногу поради нискиот гликемиски индекс.
Друга важна ставка е тоа што не содржи многу натриум, бидејќи денес високиот внес на натриум е поврзан со висок крвен притисок. Магнезиумот и железото во целерот ја неутрализираат киселата храна.
Има и многу други ефекти на целерот поради кои треба да го вклучите барем во еден оброк, а дали сето ова е вистина проценете сами.