Регулирајте го нивото на шеќер во крвта без лекови

Фото: Unsplash
268

Помали порции и почести оброци во текот на денот – ова се покажа како добитна комбинација за намалување на шеќерот во крвта и ризикот од дијабетес

Високиот шеќер во крвта може да стане сериозен здравствен проблем. Тоа е особено опасно за оние со дијабетес и може да предизвика оштетување на нервите, бубрезите и срцето.

За среќа, покрај лековите, постојат едноставни и ефективни начини за намалување на шеќерот во крвта. Донесуваме дел од нив.

Консумирајте помалку шеќер

Се препорачува помалку од 20 проценти од вкупните калории дневно да бидат шеќер. Затоа, најдобриот начин да го намалите шеќерот во крвта е едноставно да го ограничите внесот.

Променете ја исхраната

Заменете ја храната богата со шеќер со поздрави алтернативи. На пример, слатките заменете ги со овошје, а соковите со вода и чаеви без шеќер.

Вежбајте

Со вежбањето обезбедувате вашите мускули да го користат шеќерот од крвта и вашиот метаболизам да е добро регулиран. Вежбањето исто така ја зголемува чувствителноста на инсулин и хормоналните функции кои се клучни за спречување на дијабетес, пишува Eat this.

Контролирајте го нивото на стрес

Стресот и недоволното спиење може да предизвикаат висок шеќер во крвта поради нередовни оброци, поголем внес на брза храна, зголемено лачење на хормони на стрес и намалена чувствителност на инсулин. Затоа, треба да одржувате здрав режим на спиење и да го контролирате нивото на стрес.

Намалете ги порциите и темпирајте ги оброците

Помали порции и почести оброци во текот на денот – ова се покажа како добитна комбинација за намалување на шеќерот во крвта и ризикот од дијабетес. Времето, зачестеноста и видот на храната се клучни за нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажуваат дека е најдобро да се консумира храна богата со влакна, пробиотици, јаткасти плодови, цели зрна и храна која нема многу скроб.