Црвеното вино има различни здравствени придобивки околу кои сè уште се кршат копја, но на оваа теорија сè уште никој не ѝ најде забелешка
Црвеното вино има голем број обожаватели кои одвреме навреме се изненадени од некоја нова вест за благотворното или штетното влијание врз здравјето, но ова последно истражување спроведено во Шпанија сè уште не наиде на противници.
Имено, научниците од шпанскиот национален истражувачки совет тврдат дека црвеното вино е одлично за оралната хигиена заради неговите состојки кои го забавуваат растот на бактериите што предизвикуваат кариес и на тој начин ги штитат забите.
Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно консумираат црвено вино во умерени количини имаат поздрави заби во средните и старите години, што е одлична вест бидејќи кариесот, разните болести на непцата и губењето на забите погодуваат, според некои проценки, до 90 отсто од светската популација.
Црвеното вино нема целосно да ги убие бактериите кои создаваат биофилм на забите, што ќе доведе прво до наслаги, а потоа до кариес, но значително ќе го забави нивното дејство, што заедно со редовната орална хигиена треба да ги спречи проблемите со забите.