Шакшука, кавурма, булгур, лахмаџун, десерти со шербет и уште многу турски марифети: Автентична храна и музика од Босфорот во Скопје

698

Од 30 ноември до 3 декември во хотелот „Лимак“ во Скопје ќе се мезат и ќе се јадат разновидни турски специјалитети по традиционални рецепти и состојки од Анадолија, Кападокија и централна Турција што ќе ги приготвуваат врвни турски готвачи кои за оваа прилика ќе допатуваат во Скопје

Од 30 ноември до 3 декември 2022 година, Limak Skopje Luxury Hotel ќе биде домаќин на настанot наречен „Автентичниот вкус на турската кујна“, чија cel e преку спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика, да ja пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот овде, во центарот на Скопје.
За автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи кои за оваа прилика ќе допатуваат од Турција. Тие ќе подготвуваат разновидни турски
специјалитети по традиционални рецепти и состојки кои потекнуваат директно од Анадолија, Кападокија и централна Турција.
Гостите на настанот ќе можат да пробаат различни традиционални предјадења, какo што се мезиња, ќофтиња, хумус, имам бајалди и салати, како што е познатата хајдари крем салата со традиционално сирење и шакшука – салата од модар патлиџан, пиперка и домат.

Од главните јадења ќе бидат понудени: зачинето јагнешко (кавурма), пилав, булгур, мантии со јагнешко месо, супа од леќа, пиде, лахмаџун, печено јагнешко и телешко месо, пилешко на скара, полнети модри патлиџани со телешко месо (карнијарик) и други специјалитети, а трпезата ќе биде збогатена и со голем број традиционални десерти како што се: баклава, кадаиф, шеќерпаре, сутлијач и други.
За да се долови вистинската атмосфера на Босфорот, храната ќе се послужува во автентични садови, со традиционални декорации и изглед, а настанот ќе биде збогатен со
турски чалгии во живо.

Настанот „Автентичниот вкус на турската кујна“ ќе се одржува во овој период (од 30.11 до 03.12) секој ден од 19 до 22 часот.