Што се случува во вашето тело ако престанете да пиете кафе?

Фото: Unsplash
263

Ако решите да ги менувате навиките и ако почнете од тоа што ќе се откажете од кафе, очекувајте да се случат бројни промени во вашиот организам

Иако кафето е поврзано со многу здравствени придобивки, доколку го елиминирате кофеинот и престанете да пиете кафе, во вашето тело ќе настанат многу промени.

Еве што можете да очекувате да се случи.

Промена на тежината

Во зависност од тоа како вашето тело реагира, можете или да добиете или да изгубите килограми.

Истражувањето на Универзитетот Дјук покажува дека секојдневното консумирање на кофеин во кафе, чај или безалкохолни пијалоци го зголемува дневното ниво на шеќер кај учесниците за речиси 10 проценти, зголемувајќи го ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и дебелина. Исфрлањето на пијалак со кофеин полн со шеќер доведува до намален внес на калории.

Сепак, некои луѓе може да се здебелат. Кафето може привремено да го потисне вашиот апетит, па ако престанете да го пиете овој напиток, може да посегнете по богати масти или шеќер во поголема мера отколку порано.

Ќе спиете подобро

Гледајќи на долг рок, исфрлањето на кафето може да ви помогне да спиете подобро, особено ако сте пиеле кафе попладне или навечер. Студијата објавена во Journal of Clinical Sleep Medicine покажала дека ако внесуваме кофеин шест часа пред спиење, тоа може да го наруши нашиот сон и циклусот на спиење.

Почести главоболки

Кога ќе престанете да пиете кафе, го лишувате вашето тело од адреналин и допамин, хормони кои делуваат како природни стимуланси и ве одржуваат будни. Дополнително, се зголемуваат и нивоата на хормони одговорни за одмор и замор кои допираат до вашата глава, што може да резултира со главоболки. Затоа се советува да не прекинувате нагло да пиете кафе туку постепено да го намалувате внесот.

Проблеми со концентрацијата

Заморот и раздразливоста се две нуспојави кои можат да се појават кога ќе престанете да пиете кафе, а кои придонесуваат и за недостаток на концентрација. За да спречите губење на концентрацијата, обидете се да џвакате мастика од мента за да го одржите вашиот мозок буден. Плус, по само една недела без кофеин, ќе откриете дека вашата продуктивност е зголемена затоа што повеќе не го доживувате неизбежниот попладневен пад по утринската шолја кафе.

Проблеми со запек

Кофеинот ги активира движењата на дебелото црево, па ако престанете да пиете кафе, може да имате проблеми со запек. Но, постојат некои други намирници кои можат да помогнат во тоа. Јадете многу влакна кои се наоѓаат во целите зрна, во зеленчукот и во мешунките, пијте многу вода и вежбајте редовно.