Што треба, а што не треба да јадете ако ве мачат хемороиди

Фото: Unsplash
4.705

Секој ден треба да имате барем еден течен оброк, а одлично би било ако јадете супа. Агресивните зачини како што е црниот пипер или лутите пиперчиња можат да ја влошат состојбата, па пожелно е да ги избегнувате. Избегнувајте алкохол, тутун и газирани пијалаци. Пијте јогурт и кефир

Кога некој вели дека има проблем со хемороиди, тоа значидека има отечени и воспалени вени во ректумот кои можат да се формираат и однадвор и одвнатре.

Хемороидите можат да бидат многу болни и иритирачки, придружени со непријатно чувство на чешање на анусот и печење и крварење.

Ако се соочувате со нив и јадете мрсна и зачинета храна, како и храна која е тешко сварлива (т.н. забранета храна за хемороиди), можете да ја направите ситуацијата многу полоша отколку што е.

Модерниот и брз начин на живот влијаеше на влошување на исхраната на луѓето и занемарување на намирниците кои имаат многу придобивки за целиот организам.

Половина од населението на возраст над 50 години има хемороиди.

Развојот на хемороиди кај лица помлади од 20 години е невообичаен, но секако дека никој не е имун.

Проблемите со хемороидите отсекогаш постоеле, но денес, веројатно повеќе од кога било досега, а голем број луѓе бараат алтернативни мислења за тоа како болестите треба да се превенираат и лекуваат.

Малкумина знаат дека е навистина лесно да се справите со хемороидите, без медицинска интервенција и терапија.

Повеќето случаи може да се решат многу брзо без употреба на скапи лекови.

Најприроден начин да се ослободите од хемороидите е да ја регулирате вашата исхрана.

Изгледа како голема промена полна со жртви, а всушност станува збор за клучни детали и намирници кои дополнително ја влошуваат состојбата.

Затоа, изборот на вистинските состојки за вашите оброци во голема мера ќе го намали воспалението и ќе го олесни исфрлањето на столицата од организмот. Треба да се елиминираат алкохолот и тутунот, да се јаде храна богата со влакна и да се пијат доволно течности, најдобро вода.

Кога зборуваме за физичка активност, потребно е да се пешачи барем еден час секој ден, бидејќи редовната физичка активност ја поттикнува циркулацијата, ги забрзува метаболизмот и варењето.

Зголемената телесна тежина, често кревање тешки предмети, хроничен запек, долго седење, јадење премногу лута, солена и кисела храна, доведува до проблеми со хемороиди.

Хемороидите ги погодуваат подеднакво и мажите и жените, како помладите, така и повозрасните. Најчесто тие се последица од долго седење или стоење, а најпогодена категорија се луѓето со канцелариска работа.

Кои намирици е добро да се јадат доколку страдате од хемороиди?

Овесни и други снегулки, јаболка, круши, зелка, брокула, мешунки и целозрнести производи (интегрални). Секој ден треба да се консумира доволни количини на свежо овошје и зеленчук. Пијте доволно вода, околу 2 литри на ден.

Консумирајте намирници богати со витамин К, а таков е зелениот лиснат зеленчук.

Интегрални житарки во исхраната за хемороиди

Тие претставуваат цели, необработени зрна, кои во таа форма ги складираат сите важни хранливи материи, како што се влакната.

Јадете многу интегрални житарки, ‘рж, јачмен, овес, пченка, пуканки, кафеав ориз, хељда, просо, киноа, овесни и други снегулки.

Влакната се многу важен тип на хранливи материи и играат важна улога во ефикасното отстранување на несаканите состојки од внесената храна, со чистење на дигестивниот тракт.

Важно е да се внесуваат влакна во граници на нормала, бидејќи и премногу внесување може да биде штетно за организмот исто колку и недостатокот на влакна.

Препорачана дневна количина е 20-35 г на ден

Овошјето и зеленчукот се одлични извори на лесно сварливи влакна и вредни хранливи материи, кои го зајакнуваат вашиот имунолошки систем.

Најважните видови на овошје за проблематични хемороиди се јаболка, лубеница, грозје, банани, капини и малини, а од зеленчукот, зелен лиснат зеленчук (зелка, кељ, зелена салата, спанаќ, блитва…) и мешунки (грав, боранија, леќа, грашок…).

Пробиотиците ја стимулираат репродукцијата на здрави бактерии, а со тоа ја регулираат густината и составот на столицата.

Во исто време се третираат отечените вени во ректумот и успешно се лекуваат хемороидите.

Дејството на пробиотиците има исклучително позитивно влијание на целиот гастроинтестинален тракт, олеснувајќи ја преработката на внесената храна и исфрлајќи ги непотребните материи.

Важно е да изберете храна со висококвалитетни пробиотици.

Кога се споменуваат пробиотиците, луѓето обично помислуваат на млечни производи богати со корисни бактерии.

Најдобар избор се јогуртот и кефирот, направени од козјо или кравјо млеко. Тие се на самиот врв на пробиотската храна, која е производ на тревопасни животни и не е пастеризирана.

За разлика од јогуртот, кефирот има покисел вкус и поголема концентрација на пробиотски бактерии, бидејќи се ферментира со квасец.

Побарајте органски јогурт и кефир, бидејќи тие се најквалитетни и најефикасни за дигестивниот систем, формирање на столицата и решавање на проблемот со хемороидите.

Одлична е и киселата зелка која се добива со ферментирање на свежа зелка. Тоа е единствената природна храна на која човекот успеал да ѝ ги зголеми нутритивните својства.

Според содржината на витаминот Ц, може слободно да се мери со агрумите.

Освен што содржи пробиотски бактерии, содржи и голема количина на органски киселини кои на оваа храна ѝ даваат уникатен вкус и дополнително го поддржуваат растот на корисни бактерии.

Ензимите од киселата зелка го забрзуваат варењето. Оваа храна е и одличен извор на калиум, железо, сулфур, бакар и магнезиум.

Од здравите масти се препорачува маслиново масло.

Чистото, девствено маслиново масло е совршен извор на корисни липиди. Го одржува дигестивниот систем во совршена состојба.

Консумирајте секојдневно по една лажица.

Храна која треба да се избегнува

Алкохолни пијалаци, особено црвено вино, зачинета храна, кафе и газирни пијалаци, бел леб, пекарски производи од рафинирано брашно,  црвеномесо и месни преработки, разни процесирани производи и чоколади.