Нутриционистите од медицинскиот стручен комитет Eat This, Not That открија некои позитивни, но и негативни последици од јадењето пуканки.
Додаток при гледање филмови или серии, пуканките се лесна закуска во која уживаат речиси сите. Совршени се за грицкање и практични, а често и заразни, па затоа е тешко да се запре додека не стигнете до дното на садот.
Нутриционистите од медицинскиот стручен комитет Eat This, Not That открија некои позитивни, но и негативни последици од јадењето пуканки.
Влакна и протеини
Пуканките можат да бидат дел од здравата исхрана бидејќи содржат влакна и протеини и можат да ве заситат со помалку калории“, вели нутриционистката Ејми Шапиро.
Може да предизвика гасови
„Пуканките можат да предизвикаат гасови и надуеност“, вели Шапиро. Ако тоа е случај со вас, Шапиро предлага да ги контролирате вашите порции, да џвакате убаво и да внимавате да пиете доволно вода. „Пуканките се одличен извор на влакна; сепак, без доволно вода, исхраната богата со влакна може да доведе до непријатност и запек“, вели Шапиро.
Антиоксиданти
„Пуканките содржат еден вид антиоксидант наречен фенолна киселина“, вели Шапиро. „Антиоксидантите помагаат во борбата против слободните радикали кои можат да предизвикаат оштетување на клетките.
Всушност, една студија објавена од Универзитетот Скрентон објавила дека пуканките содржат повеќе здрави антиоксиданти наречени „полифеноли“ отколку овошјето и зеленчукот. Студијата покажала дека бројот на полифеноли пронајдени во пуканките е до 300 милиграми по порција.
Внимание поради додатоците
„Додека пуканките се направени од цела пченка и содржат многу хранливи материи, ако додадете големи количини путер и сол на нив, исто така додавате и калории“, вели Шапиро. Подобра опција се зачинските билки за да се постигнување одличен вкус.
Купечките пуканки, на пример, често содржат транс масти, како и заситени масти. И двата типа на масти се типови кои треба да ги ограничите во вашата исхрана.