Поради чудесната услуга и спектакуларните ефекти, водичот на Мишелин го нарече ресторанот на Вили Вонка, а многу критичари се согласија дека изгор цената што доаѓа со него е реална. Ве носиме на најскапата вечера на светот.
Ресторанот Sublimotion е отворен во 2014 година на Ибица, а од минатата година се наоѓа и во хотелот Mandarin Oriental Jumeira во Дубаи. Под водство на готвачот Пако Ронсер, овој уникатен ресторан ги проширува границите на спознанието и го отвора патот за нов правец во гастрономијата. Иновативниот концепт комбинира храна, уметност и илузија за незаборавно фајн дајнинг искуство.
Поради чудесната услуга и спектакуларните ефекти, водичот на Мишелин го нарече ресторанот на Вили Вонка, а многу критичари се согласија дека изгор цената што доаѓа со него е реална. Ве носиме на најскапата вечера на светот.
Целиот тим готвачи во Sublimotion може да се пофали со дури осум Мишелин ѕвезди.
Заедно, тие создаваат мени од дваесет следови што чини 2.500 долари, што ја прави најскапа вечера во светот. Покрај храната, која е сè само не обична, во цената е вклучено и искуство за кое се заслужни дизајнери, илузионисти, композитори и актери.
Во хотелот ќе ве пречекаат со дочек во стар холивудски стил, со пијалок за добредојде и јадлива лична влезница, а потоа ќе ве спроведат во просторија слична на вселенски брод каде што ќе вечерате.
Има место за само 12 луѓе по вечера на долгата маса, така што нема да го споделувате ексклузивното искуство со полн ресторан. Името на соодветниот гостин ќе свети на секое место, па штом ќе се сместите удобно, подгответе се за кулинарско патување со сите 5 сетила.
Дигиталната трпезариска маса ќе се трансформира додека јадете, а VR очилата ќе ве пренесат до различни пејзажи и футуристички сцени. Опкружени сте и со дигитални екрани чиишто проекции подетално го опишуваат потеклото и важноста на јадењето.
Целата вечера е придружена со соодветно музичко мени и резултатот е тричасовен банкет кој ве води низ различни времиња и емоции. Некои од сцените вклучуваат патување до дното на океанот, секси кабаре од 20 век и футуристичка вечера во 2050 година. За време на вечерата практично сте дел од претстава во која секој келнер е актер, а масата глуми театарска сцена.
Крајната цел е да се воодушеват гостите кои уживаат во неочекуваните јадења, но и необичното опкружување, а тоа доаѓа со изгор цена. Ако сте спремни да ја платите, ве чека нешто единствено што вреди да се доживее еднаш во животот.