Јадењето брза храна може да предизвика болка

Фото: Pexels
131

Познато е дека долгорочното консумирање брза храна може да доведе до хронична болка, но и само неколку такви оброци можат да предизвикаат штета.

Јадењето брза храна може да предизвика болка или да ги направи луѓето почувствителни на болка, дури и ако се здрави и витки.

Неодамнешна студија покажала дека одредени масти во брзата храна може да предизвикаат таложење на холестерол во артериите, што доведува до воспаление кое е поттик за болки во зглобовите и ги прави луѓето почувствителни на болка.

Познато е дека долгорочното консумирање брза храна може да доведе до хронична болка, но сега истражувачите велат дека дури и само неколку такви оброци можат да предизвикаат штета.

Студијата спроведена на глувци покажала дека заситените масти во крвта се врзуваат за рецепторите на нервните клетки, што доведува до воспаление и ги имитира симптомите на оштетување на нервите.

Процесот е забележан по само осум недели консумирање на храна богата со маснотии која не содржела доволно калории за да ги направи глувците дебели.

„Оваа студија покажува дека дури и кратко време на јадење мрсна храна е доволно за да почувствувате болка“, вели д-р Мајкл Бартон, доцент по невронаука на УТ Далас.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Scientific Reports“, а научниците истакнуваат дека останува да се тестира на луѓето дали лошата исхрана може да биде поттик за болка, дури и за поединци кои не се дебели и инаку се хранат здраво.