1 основа, 3 различни вкусови: Најбрзиот начин да направите сладолед од јагоди, банани и чоколадо во едно пакување

Фото: Принтскрин/ Јутјуб/HEARTY FOOD
645

Ако мислите декса е премногу комплицирано да правите сладолед по сечиј вкус, не е така. Со овој едноставен рецепт лесно и брзо ќе направите 3 видови сладолед – од банана, јагода и чоколадо.

Направете три различни вкусови на сладолед од една основа. Потребни ви се само 4 состојки кои не чинат многу, а ќе добиете семејно пакување. Така секој член од семејството ќе го добие својот омилен вкус, а нема да мора да губите многу време за да ги задоволите сите.

Секој може да го избере вкусот што го сака, а во топлите денови, леденото уживање е омилен десерт на сите. Верувале или не, за подготовка ви требаат само 10 минути.

Состојки:

5-6 банани
9-10 јагоди
3 лажици мед
2 лажици какао

Приготвување:

Исечете ги бананите на тркалца и замрзнете ги. Поделете ги на 3 еднакви делови. Потоа изблендирајте еден дел од бананите, заедно со исчистените јагоди и мед (1 лажица). Вториот дел од бананата изблендирајте го само со мед (1 лажица), а третиот дел со какао и мед (1 лажица). Во садот прво истурете ја смесата со јагодите и бананите, па само со бананите, па смесата со какаото. По секое ставање на смесата, чувајте го садот во замрзнувач за да не се одмрзне додека не направите нова смеса. Готовиот сладолед ставете го во замрзнувач до послужување.