10 најдобри видови на храна за борба против стресот

0
1486

Ако заради стресот кој е често наше секојдневје, постојано посегнувате по нездрава храна, со образложение дека ви треба за да си го поправите расположението или за да си го зголемите нивото на енергија, ќе се најдете во еден маѓепсан круг.

Имено, заради стресот се повеќе ќе внесувате лоша храна, а од друга страна, со неа ќе ја зголемувате количината на хормони кои го поттикнуваат создавањето на сало, па наместо да ви се намали стресот, ќе ви се зголемат обемот на стомакот и колковите што ќе ве фрли во дополнителен очај.

За среќа, постои и храна за која стручњаците докажале дека го намалува стресот, а некои од нив би можеле да ве изненадат.

Бобинки

Познати поради својата антиоксидантна содржина, бобинките содржат состојки кои можат да го спречат прераното стареење кое е често поврзано со хроничниот стрес. Освен тоа, го регулираат внесувањето на шеќер во крвотокот после јадењето. Затоа, боровинките, малините, јагодите и капините се најдобар избор ако чувствувате дека баш мора да изедете десерт. За разлика од другото посблаго овошје, бобинките создаваат малку ферментации и гасови во системот за варење, а со оглед дека хроничниот стрес и онака лошо делува на варењето, тоа помага ако сте под притисок.

Камилица

Сигурно ви е позната како средство за полесен сон, заради зголемувањето на амино-киселината глицин кја помага за смирување на нервниот систем кога е под стрес. Но ја зголемува и количината на хипурната киселина која помага во борбата против инфекциите – што е многу важно кога сте под стрес.
Пиењето на чај од камилица после оброк може да помогне во регулирање на проблемите со варењето, како што се грчеви во желудникот или запек – чести симптоми за оние кои заради стрес страдаат од синдром на иритабилно девело црево.

Темно чоколадо

Стресот ја зголемува желбата за благо, но доколку наместо нешто друго земете малку црно чоколадо, тоа нема да ви наштети. Напротив, истражувањата покажале дека 40 грама темно чоколадо на ден помагаат во борба со стресот. Чоколадото поттикнува испуштање на ендорфини во мозокот што е корисно кога сте под стрес. Освен тоа, содржи и состојка која ги поттикнува чувствата на задоволство и еуфорија. Земајте сирово или темно чоколадо кое има барем 70 отсто какао.

Јаткасти плодови

Кога сте под стрес вашето тело троши некои витамини и други материи многу побрзо од обично. Јаткастите плодови се одличен извор токму на овие витамини – витамин Б, цинк, магнезиум и омега, материи кои се трошат забрзани во случај на стрес.
Јаткастите плодови природно го балансираат шеќерот во крвта и генерално ја намалуваат потребата за шеќер, го регулираат апетитот и го поддржуваат метаболизмот. И не се плашете од мастите во тие плодови. Истражувањата покажале дека луѓето чија исхрана вклучува јаткасти плодови се поуспешни во регулирањето на својата тежина.
Значи, слободно земете една рака полна со бадеми, лешници или ореви за да ја контролирате зголемената желба за храна која е резултат на стресот.

Целер

Стресот влијае врз спиењето па може да почнете наеднаш нагло да се будите во раните утрински часови, што е чест симптом на стрес.
Целерот содржи амино-киселина триптофан, која му помага на телото во создавањето на хемикалијата серотонин, битен за одржување на позитивното расположение и цврст сон. Затоа е целерот добар избор додека добиете напад на глад пред спиење.

Сладунец

Две мали жлезди се сместени над вашите бубрези. Тие ги произведуваат хормоните на стрес како што се кортизол и адреналин кои ви помагаат да се соочите со разни предизвици во животот. Но нивната способност на исфрлање на тие хормони е ограничена, па кога тие ќе се исцрпат, истото ви се случува и вам.
Пробајте да го замните кафето кое е празнач на надбубрежните жлезди, со чај од сладунец за да имате подобра адреналинска поддршка во текот на стресните периоди, но бидете внимателни затоа што е исклучително стимулативен, па не е препорачливо да се пие после 14 часот.

Рибино масло

Консумирајте риби кои содржат омега-3 во облици наречени DHA и EPA (погледнете на декларацијата).
DHA е потребно за добро спиење и расположение, а EPA може да ги намали воспаленијата во нашите клетки кои се предизвикани од стрес.
Омега-3 маслото содржи и витамини B, цинк и магнезиум. Сите тие се потребни во големи количини во текот на стресните периоди и ја намалуваат потребата за шеќер.
Најдобри извори се скуша, лосос, пастрмка или сардини, два до четири пати во неделата. Туната не е на листата затоа што иако содржи омега-3 масла, содржи и многу отровна жива која предизвикува главоболка и несоница.

Лук

Долготрајниот стрес делува и на имунитетот заради што можете лесно да закачите вируси кога сте под притисок.
Лукот содржи моќни антибактериски, антивирусни и антифунгални својства, па му помага на имунитетот кој е ослабен поради стрес. Може да помогне и при воспаление на зглобовите кои се засилуваат во случај на стрес.

Зелка и нејзините роднини

Зелката, како и брокулата, карфиолот, кељот и други производи од семејството на зелката содржат многу хранливи материи и глукосинулати кои му помагаат на црниот дроб во детоксикацијата од хормонот на стрес.
Ваквиот зеленчук може да им помогне на жените кои страдаат од ПМС. Тоа е затоа што се борат против состојбата предизвикана од стрес под името „доминација на естроген“, која предизвикува промени во однесувањето пред менструација.
Јадете го овој зеленчук варен на пареа или со маслиново масло. Ако се јадат сирови можат лошо да влијаат на работата на штитната жлезда што може особено лошо да се одрази ако сте покрај тоа и под стрес

Маслиново масло

Веројатно ви е позната користа од маслиновото масло кај кардиоваскуларната заштита, која е витална затоа што е докажано дека стресот предизвикува и болести на срцето.
Но новооткриената состојка во маслиновото масло позната како олеокантал има исто антивоспалително влијание како и ибупрофенот, само без несакани придружни појави. Секако, одберете екстра ладно цедено маслиново масло и со него зачинувајте ги вашите салати и зеленчукот. Избегнувајте со него да готвите затоа што топлината може да ги оштети мастите присутни во него. Наместо тоа за готвење користете ладно цедено кокосово масло или масло од маслодајна репка.