10 причини зошто треба да воведете индиски ореви во исхраната

Фото: Pexels
2.865

Меѓудругите здравствени ефекти, индиските ореви поради содржината на магнезиум можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.

Индиските ореви се полни со антиоксиданти, витамини и минерали, како што се амино киселини, цинк, калиум, железо, калциум, бакар, фосфор, ниацин и витамин Б6.

Сите тие се неопходни за нормално функционирање на телото. Овие моќни јаткасти плодови се од крајбрежните области на североисточен Бразил, но се многу популарни низ целиот свет. Ако сè уште не сте ги пробале, оваа листа може да ве натера да се премислите.

Индискиот орев го зајакнува имунолошкиот систем
Цинкот, бакарот и витаминот Е се само некои од минералите присутни во индиските ореви кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Имуните клетки имаат потреба од цинк и бакар за да растат и функционираат. Витаминот Е е моќен антиоксидант и може да ги заштити клетките од оштетување и да го намали оксидативниот стрес и воспалението.

Можат да помогнат при губење на тежината
Иако индиските ореви се сметаат за масти, тие содржат добар холестерол. Така, спротивно на популарното верување, оние кои јадат индиски ореви најмалку два пати неделно добиваат помалку килограми во споредба со оние кои јадат помалку.

Сепак, важно е да се има на ум дека не треба да претерувате со овие јаткасти плодови, бидејќи во спротивно тие би можеле да придонесат за дебелеење. Препорачаната дневна доза е околу 10 јаткасти плодови или една полна шака.

Го намалуваат високиот крвен притисок
Поради содржината на магнезиум, индиските ореви можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.

За здрави коски
Магнезиумот е исто така витален за здравјето на коските. Магнезиумот добро функционира со калциум и витамин Д, кои ги прават коските силни. Јадењето индиски ореви е добро за здравјето на коските и од друга причина – витаминот К што го содржат помага во одржување на густината на коските и го намалува ризикот од остеопороза.

Го регулираат шеќерот во крвта
Индискиот орев има низок гликемиски индекс кој помага да се спречи скокот на шеќерот во крвта. Додека високата содржина на влакна ја забавува апсорпцијата на шеќер во крвотокот, здравите масти ја подобруваат чувствителноста на инсулин. Придобивките од воведувањето индиски ореви како дел од урамнотежена исхрана може да помогнат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта кај луѓето кои имаат дијабетес или се изложени на ризик да развијат дијабетес.

Спречуваат камења во жолчката
Дневниот внес на индиски ореви може да го намали ризикот од развој на жолчни камења до 25 проценти.

За здрави непца и заби
Како што споменавме претходно, содржината на магнезиум присутна во индиските ореви е многу добра за коските. Овој магнезиум создава и здрави заби и силни непца.

Помага во намалување на штетата од слободните радикали
Индискиот орев му помага на телото правилно да го користи железото и да ги елиминира слободните радикали кои можат да доведат до здравствени проблеми.

Ја прават кожата поблескава
Индиските ореви се богати со бакар, па може да помогнат да се зголеми производството на колаген, што е од суштинско значење за еластичноста на кожата. Витаминот Е и селенот, кои се присутни во индиските ореви, се одлични антиоксиданти кои ја штитат кожата од оштетување предизвикано од слободните радикали и од предвремено стареење.

Го помагаат варењето
Поради нивната висока содржина на влакна, овие јаткасти плодови помагаат во подобрување на варењето со намалување на запек и подобрување на редовното празнење на дебелото црево. Пребиотиците, кои се присутни во индиските ореви, се класа на влакна кои помагаат да се развие добра цревна флора. Сепак, индиските ореви треба да се консумираат умерено, бидејќи консумирањето премногу влакна може да има контра-ефект на дигестивниот систем.