2 типа на исхрана за намалување на триглицеридите и лошиот холестерол

Фото: Pexels
180

Се обидувате да го промените менито за да се ослободите од триглицеридите и лошиот холестерол? Во продолжение дознајте кои два типа на исхрана ги препорачуваат научниците во овој случај

Медитеранската исхрана која содржи маслиново масло и риба и вегетаријанската збогатена со

млечни производи подеднакво го намалуваат количеството на триглицериди, телесната тежина и

масното ткиво, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања, покажа едно италијанско истражување.

Медитеранската исхрана која содржи маслиново масло и риба и вегетаријанската исхрана

збогатена со млечни производи подеднакво го намалуваат количеството на триглицериди.

Научниците по случаен избор поделиле 107 дебели возрасни лица во две групи, од кои едната

била на вегетаријанска, а другата на медитеранска диета три месеци. Потоа го промениле начинот

на исхрана во следните три месеци. На почетокот на истражувањето, сите субјекти биле сештојади.

На испитаниците не им биле дадени конкретни цели за слабеење, но добивале редовни

нутриционистички совети како да го намалат внесот на калории. Целта на предложените менија и

оброци била да се намали внесот на калории.

Без оглед на видот на исхраната, на учесниците им се советувало да добиваат 50 до 55 отсто од

калориите од јаглехидрати, 25 до 30 отсто од масти и 15 до 20 отсто од протеини.

Испитаниците, без оглед на видот на исхраната, изгубиле иста количина тежина и масно ткиво,

велат научниците во трудот објавен во списанието Circulation.

Вегетаријанската храна збогатена со јајца и млечни производи резултирала со поголемо

намалување на т.н. лош LDL холестерол, додека медитеранската била поврзана со поголемо

намалување на триглицеридите и воспаленијата.

Вегетаријанската храна збогатена со јајца и млечни производи резултирала со поголемо

намалување на т.н. лош ЛДЛ холестерол.

Досегашните истражувања не ги споредуваа вегетаријанската и медитеранската исхрана, вели

водачот на студијата Франческо Софи од Универзитетот во Фиренца и Универзитетската болница

Кареги. Ова е прво истражување чија цел е да се споредат две диети кај иста група испитаници кои

се сештојади, рекол Софи.

Поуката е дека вегетаријанската исхрана збогатена со јајца и млечни производи е лесна за

подготовка и без никакви придружни здравствени проблеми, доколку е подготвена со поддршка од

стручни нутриционисти. Таа помага да се намалат некои кардиоваскуларни фактори на ризик, како

и медитеранската исхрана, вели тој.

Медитеранската исхрана обично се состои од многу риба, овошје, зеленчук, цели зрна, наут и

маслиново масло, како и извори на посни протеини. Вегетаријанците исто така јадат овошје,

зеленчук и цели зрна, како и јајца и млечни производи.

Во споредба со нивните претходни навики во исхраната, испитаниците во двете групи значително

го намалиле внесот на калории, како и вкупните масти и заситените масти. На вегетаријанската

исхрана значително е намален ЛДЛ холестеролот, т.н. лош нхолестерол кој се акумулира на

ѕидовите на крвните садови и доведува до формирање на згрутчување и затнување на крвните

садови. Тоа е за очекување бидејќи изворот на најголем дел од ЛДЛ е месото, вели Софија.

Се очекува и поголемо намалување на триглицеридите или масните киселини со медитеранската

исхрана бидејќи е познато дека комбинацијата на маслиново масло и сложените јаглехидрати во

овошјето и зеленчукот, кои се основата на оваа диета, ги намалува триглицеридите, заклучил тој.