3 природни средства кои спречуваат мачнини додека патувате

Фото: Unsplash
632

Ако како дете редовно сте повраќале на секое патување со автомобил, автобус, брод, сигурно ви се познати оние совети да си земете лимон за по пат и да седнете напред. Еве што друго може да помогне при мачнини додека патувате

Кинетоза, морска болест, болест при патување сето тоа се болести кои се јавуваат при движење со различни транспортни средства, што резултира со непријатни симптоми како што се вртоглавица, слабост, гадење и потреба од повраќање. Овие симптоми може да се третираат со апчиња против мачнина, акупресурни алки, фластери со ѓумбир кој се покажа како најдобар природен лек за мачнина за време на патувањето.

Кога седиме во возило како автомобил, брод или авион, нашето тело е во релативно мирување, но нашите очи забележуваат движење надвор од возилото, што може да доведе до кинетоза. Вртоглавица, ладна пот, бледило, главоболка, мачнини и повраќање се само некои од непријатните симптоми на мачнина при движење кои можат да се намалат со природни помошни средства од вашата кујна.

Природни лекови за мачнини при возење
Ѓумбир
Бројни студии покажаа дека ѓумбирот е одличен лек за мачнина. Ефикасно ги намалува непријатните последици без разлика дали го консумирате во свежо или сушено издание. Доволно е да изедете мало парче свеж ѓумбир (не повеќе од коцка од 1 × 1 сантиметар) половина час пред патувањето или со малку течност внесете половина лажичка ѓумбир во прав и на тој начин спасете се од мачнините за следните четири часа.

Природни чаеви
Може да се ослободите од мачнините и со пиење чај од камилица, кој ќе ги смири сите грчеви и болки во стомакот. За мачнини помагаат и чајот од нане, жалфија, лаванда и рози.. Подгответе чај, но не додавајте шеќер или мед бидејќи сладоста може да предизвика спротивен ефект од посакуваниот.

Најдобри билки за мачнини се нане, камилица, лаванда, роза и жалфија.

Лимонот исто така може да биде корисен и против патните болести. Незасладената лимонада или шмукање парче лимон ќе помогне да се смири желудникот.

Етерично масло од мента
За да спречите мачнини додека патувате, можете да посегнете и по есенцијалното масло од мента. Ставете една до две капки од ова есенцијално масло на марамче половина час пред патувањето, а потоа вдишете длабоко низ него. Доколку е потребно, можете да го повторите истото за време на патувањето доколку повторно почувствувате непријатни симптоми.

Есенцијалното масло од мента го зголемува крвниот притисок, па овој начин на ублажување на мачнината не се препорачува за трудници, доилки, мали деца или луѓе кои страдаат од висок крвен притисок.

5 намирници кои ќе ги влошат симптомите на кинетоза:

Избегнувајте да јадете масна и тешка храна пред да патувате бидејќи тие ќе ја влошат мачнината
Исто толку е лошо ако гладувате. Наместо тоа, земете некој лесен оброк
Избегнувајте пијалаци на база на цитрус додека патувате, бидејќи киселината во нив уште повеќе ќе го иритира желудникот
Лошо ќе биде и за желудникот доколку консумирате газирани пијалоци бидејќи можат да предизвикаат надуеност и киселини.
Не пијте алкохол пред и за време на патувањето

Дополнителни совети кои ги ублажуваат непријатните симптоми на мачнина при движење

Седнете во предниот дел од возилото: на првото седиште во автобус, автомобил или покрај крилото на авионот, бидејќи тука најмалку се чувствува движењето
Гледајте право напред, по можност во една точка
Избегнувајте да читате книги и списанија или да гледате содржини на вашиот мобилен телефон