3 начини за обновување на црниот дроб: Може целосно да се регенерира дури и кога е оштетен за повеќе од 50%

Фото: Pixabay
675

Црниот дроб е најважниот метаболички орган во телото. Меѓу другите задачи, тој има улога на прочистување на крвта од токсини и отрови. Дури и кога е оштетен за повеќе од 50%, може целосно да се регенерира. Оваа негова способност е клучна за нашето здравје!


Денешниот свет е различен од светот во кој се живеело порано. Пред сто години, сите туѓи супстанции со кои се среќаваа луѓето доаѓаа од растителниот свет. Во нашата модерна ера, создадовме илјадници нови хемиски соединенија кои нормално не постојат во природата.

Многу хемиски соединенија се дел од нашата исхрана (конзерванси, ароми, бои). Други ги внесуваме со лекови што многумина од нас ги користиме секој ден. Хемијата се користи и во козметиката, средствата за чистење, печатењето, текстилната индустрија итн.

Сите овие хемикалии секој ден минуваат низ нашиот црн дроб, кој мора да се справи со овој товар. Во повеќето случаи, успева да ја исчисти крвта од овие токсини, но постојат ситуации кога црниот дроб е навистина преоптоварен и му е потребна помош, на пример:

при заболување на црниот дроб
труење
прекумерна употреба на лекови
прекумерна употреба на алкохол
неправилна исхрана во подолг временски период
Луѓето отсекогаш знаеле и користеле растенија кои го штитат и регенерираат црниот дроб.

Растенија за регенерација на црниот дроб

Млечен трн (Silybum marianum)
Досега, најдобри резултати во превенцијата и третманот на оштетување на црниот дроб покажал млечниот трн. Главната активна состојка во млечниот трн е силимарин. Силимаринот е комплекс од различни соединенија (силибин А и Б, изосилибин, силихристин, силидијанин, флавоноиди како што се кверцетин и таксифолин, итн.). Заедно, овие соединенија учествуваат во регенерацијата на црниот дроб и неговата заштита.

Истражувања се спроведени со зелена пупавка – една од најотровните печурки која предизвикува опасно оштетување на црниот дроб и убива околу 30% од своите жртви. Во студијата, силимарин бил даден пред консумирање на оваа печурка и 10 минути по консумирањето на печурката. Во обете групи, млечниот трн обезбедил 100% ефикасна заштита од ефектите на токсинот од зеената пупавка.

Силимаринот е силен антиоксидант (10 пати појак од витаминот Е). Го зголемува нивото на глутатион во црниот дроб за 35%. Глутатионот е одговорен за чистење на црниот дроб од широк спектар на токсини. Со зголемени нивоа на глутатион, црниот дроб има поголема способност да ја исчисти крвта од токсични соединенија.

На овој начин, консумирањето млечен трн има и заштитен и регенерирачко дејство врз нашиот црн дроб.

Дозирање:

– 70-240 мг млечен трн три пати на ден (дозата зависи од јачината на поединечниот производ на пазарот)

– 140 мг силимарин три пати на ден

Забелешка:

Нашето тело може да се навикне на силимарин. Затоа, земајте го 2 недели, а потоа направете пауза од 2 недели. После тоа, можете да ја повторите терапијата.

Глуварче
Јадете глуварче! Оваа билка расте во секоја градина. Наберете листови од глуварче, измијте ги и додадете ги во вашата салата. Можете да најдете глуварче и во продавниците за здрава храна во форма на тинктури или капсули. Глуварчето е неверојатно корисно кога станува збор за здравјето на црниот дроб и другите органи поврзани со него.

Оваа билка успешно се користи во третманот на многу заболувања на црниот дроб – хепатитис, воспаление на црниот дроб, камења во црниот дроб, откажување на црниот дроб, жолтица итн.

Глуварчето делува како тоник за црниот дроб и помага во неговата функција.

Дозирање:

– 4-8 мл свеж сок од корен од глуварче (1-2 лажички) еднаш дневно

– 2-8 мг сушен корен од глуварче еднаш дневно, во чај

– 4-8 мл екстракт од глуварче еднаш дневно (разреден во вода или чај)

Сладок корен (Glycyrrhiza glabra)
Кинезите долго време ја користеле оваа билка за лекување на црниот дроб. Research Group of Liver Disease и Shanxi Medical College спровеле студии кои потврдиле дека сладичот ги неутрализира токсините во црниот дроб. Студиите, исто така, потврдуваат дека тој го зголемува производството на интерферон, кој најчесто се користи за лекување на хепатитис Б.

Од 1950-тите, лекарите и на Исток и на Запад успешно го користеле глициризинот – соединение добиено од сладок корен – за лекување на хепатитис. Во Јапонија, глициризинот се покажал толку ефикасен што станал стандарден дел од терапијата за оваа болест.

Дозирање:

7-8 грама корен од сладич дневно

Постојат и други начини за обновување на црниот дроб

Можете да користите алтернативни методи како што се акупунктура, акупресура, рефлексологија, магнетна терапија, ароматерапија и хомеопатија, заедно со лековити билки за побрзо обновување на црниот дроб.

Текстот е од ТУКА.