4 намирници кои го забрзуваат метаболизмот и ја намалуваат подуеноста

Фото: Pexels
561

Во наредниот период не очекуваат многу празнични денови и тешка храна. Мудро бирајте ја храната за појадок за да го забрзате метаболизмот и да спречите надуеност.

Не очекува гастрономски интересен период со богати оброци и семејни дружења. Сепак, колку и да ни е забавно – прејадувањето, прекумерното пиење и помалото движење можат да остават последици. Не е невообичаено да се чувствувате надуени, мрзеливи и целосно поспани. За среќа, постојат чекори што можете да ги преземете за да ја вратите енергијата, метаболизмот и дигестивниот систем. Една од најважните работи што можете да ги направите е да го храните вашето тело со здрава храна, особено за појадок. Хранливиот појадок може да направи чуда за вашето тело и да ве врати на вистинскиот пат да се чувствувате најдобро. Предлози за 4-те најдобри утрински намирници се дадени од нутриционистката Кетрин Жервасио за порталот She Finds.

Боровинки
Бобинките се една од најздравите намирници што можете да ги додадете во вашите оброци. Жервасио ги препорачува за обезбедување енергија, зајакнување на метаболизмот и за здрави црева. „Ова е суперхрана која содржи природни шеќери за енергија“, вели таа. „Тие се исто така богати со антиоксиданти такашто влијаат на метаболичката функција.
Таа истакнува дека содржината на влакна во боровинките е фантастична, што е особено важно за надуеност, т.е. спречување на надуеноста. „Познато е дека боровинките содржат значителна количина на влакна кои помагаат при варењето и за подобро движење на дебелото црево“, вели нутриционистката. „Тие можат да спречат запек, кој е честа причина за надуеност. Можете да ги додадете во грчкиот јогурт богат со протеини за моќен појадок.

Спанаќ
Дали правите омлет полн со протеини? Не заборавајте да додадете малку зеленило во смесата! Спанаќот е една од најдобрите препораки за здрава состојка за појадок која може да ви помогне да го одржите вашето тело полно со енергија и вашиот дигестивен систем во одлична форма.
Спанаќот е природно богат со железо, што е многу важно за транспорт на кислород и производство на енергија“, објаснува нутриционистката. „Витамините и минералите во спанаќот исто така играат витална улога во поддршката на метаболичкиот процес. Што се однесува до надуеноста, спанаќот има и влакна кои поттикнуваат здраво варење. Исто така, има доволно магнезиум за да го поттикне редовното празнење на дебелото црево и да ги намали шансите за надуеност.

Јајца
Јајцата можеби се една од најчестите состојки за појадок, но дефинитивно не се преценети. Здравствените придобивки се многубројни, па затоа Жервасио препорачува да ги додадете во вашата чинија за зајакнување на енергијата, метаболизмот и варењето. „Јајцата се биолошки извор на протеини, што значи дека имаат есенцијални амино киселини потребни за енергија и мускулна функција“, вели таа. „Тие исто така може да ја зголемат термогенезата што е корисно за подобрување на метаболизмот. Само не заборавајте да ги подготвите на здрав начин – избегнувајте пржење на јајцата, што може да ги негира нивните придобивки.

Јогурт
Јогуртот не е само состојка во смути; сама по себе е и храна богата со хранливи материи. Жервасио го препорачува како извор на протеини здрави за цревата наутро, истакнувајќи дека може да ја „поддржи функцијата на метаболизмот“. „Протеините бараат повеќе енергија за варење во споредба со јаглехидратите и мастите и тоа придонесува за зголемување на термогенезата и согорените калории“, објаснува таа. „Проботиците во јогуртот ја поддржуваат здравата микрофлора која го подобрува варењето и го намалува воспалението за да ја ублажи надуеноста.