5 знаци кои откриваат дека не јадете доволно јаглехидрати

Фото: Pexels
326

Јаглехидратите последниве години добија лоша репутација. Многумина веруваат дека исхраната сиромашна со јаглехидрати (т.н. карбонска исхрана) им помогнала да ослабат, додека други тврдат дека заради таквата исхрана баш и не се чувствуваат добро.

Многу е важно секој човечки организам да внесува доволно јаглехидрати. Оние кои се на диетален режим обично ги јадат многу помалку од нив, а ова се конкретните знаци дека не се консумираат во доволен обем.

Јаглехидратите последниве години добија лоша репутација. Многумина веруваат дека исхраната сиромашна со јаглехидрати (т.н. карбонска исхрана) им помогнала да ослабат, додека други тврдат дека заради таквата исхрана баш и не се чувствуваат добро.

Дали ова може да биде знак дека всушност треба да додадете повеќе јаглехидрати во вашата исхрана?

Прво, да се потсетиме дека јаглехидратите можат да бидат едноставни (како храна направена од бело брашно или додаден шеќер) или сложени (како овошје, зеленчук, мешунки и цели зрна). Едноставните јаглехидрати се варат побрзо и предизвикуваат поголемо зголемување на шеќерот во крвта, додека сложените јаглехидрати се апсорбираат побавно и генерално имаат помал ефект врз нивото на шеќер во крвта.

Едноставните јаглехидрати – газирани пијалоци, слатки, преработена храна – „се типови на јаглени хидрати кои можат да доведат до зголемување на телесната тежина, воспаление, замор, промени во расположението и хронични болести“, вели диететичарката Никол Дандреа-Расерт.

Сложените јаглехидрати кои се богати со влакна можат да помогнат во управувањето со тежината, да го намалат воспалението и да го подобрат вашето долгорочно здравје, вели оваа диететичарка. Затоа, не треба да ги избегнувате сите јаглени хидрати.

Ова се пет знаци дека не јадете доволно јаглехидрати:

Дигестивни проблеми

Целите житарки, овошјето и зеленчукот (вклучувајќи зеленчук со скроб) обезбедуваат влакна кои му помагаат на вашиот дигестивен систем да одржува редовни движења на дебелото црево.

„Недостатокот на влакна е исто така поврзан со синдром на нервозно дебело црево (IBS). Всушност, многу здравствени работници препорачуваат влакна за спречување или ублажување на симптомите на нервозно дебело црево“, вели Дандреа-Русерт.

Симптомите на IBS вклучуваат абдоминални грчеви, надуеност и запек и/или дијареа, наведува американската националната медицинска библиотека.

Секогаш сте гладни

Ако сè уште сте гладни по оброкот, можеби ќе ви требаат повеќе јаглехидрати во чинијата.

„Јадењето недоволно јаглехидрати може да го активира хормонот за глад грелин, додека балансираните оброци со јаглени хидрати, протеини и масти можат да помогнат во регулирањето на хормонот на глад“, вели Дандреа-Русерт.

Грицкате ноќе

„Во мојата пракса забележувам дека кога луѓето ја ограничуваат храната богата со влакна и јаглехидрати во текот на денот, се чини дека имаат повеќе желба за храна во текот на ноќта“, вели Дандреа-Русерт.

Раздразливи сте

Цревниот микробиом, составен од трилиони бактерии, е доста фасцинантен кога станува збор за вашето здравје. Она што можеби не го сфаќате е дека овој микробиом (кој е под влијание на вашата исхрана) исто така игра улога во регулирањето на невротрансмитерите на расположението како серотонин, допамин и ГАБА, вели Дандреа-Русерт.

Покрај тоа, ограничувањето на калориите и јаглехидратите може да создаде стрес и негативно да влијае на вашето расположение.

Ниска физичка и ментална енергија

Јаглехидратите се омилен извор на гориво за вашето тело, вели Дандреа-Русерт и тие се особено ефикасен начин да му ја дадете на вашето тело потребната гликоза за енергија, како за секојдневните задачи, така и за вежбање.

Таквата храна му дава на вашиот мозок гориво што му е потребно за извршување на секојдневните задачи. Ако шеќерот во крвта ви стане премногу низок, што може да се случи ако ја ограничите исхраната, може да биде тешко да се фокусирате и концентрирате, вели диететичарката.