5 здрави намирници кои секогаш мора да ги имате на залиха

Фото: Pexels
421

Ако планирате да свртите нов лист и да се храните здраво, ви препорачуваме да ги надополните вашите залихи со овие пет намирници.

Без здрава исхрана нема здрав живот. Доколку планирате да свртите нов лист кога станува збор за храната што ја консумирате, наша препорака е да ги надополните вашите залихи со следните пет намирници.

Мешункаст зеленчук
Гравот, леќата, боранијата, грашокот и другите мешунки се многу богати со хранливи материи, а исто така се многу благодарни за готвење. Од нив, на пример, можете да направите супа, прилог за месо или салата.

Јаткасти плодови и семиња
Јаткастите плодови и семките се полни со витамини, здрави масти, протеини и растителни влакна. Може да се јадат сирови или печени, а од нив може да се направи и намаз. Со нив секогаш можете да ја збогатите вашата салата, мусли и смути, а одлични се и како ужина.

Замрзнато овошје и зеленчук
Иако секогаш претпочитаме свежо овошје и зеленчук пред замрзнатото, не е паметно да се прават залихи од овие намирници, бидејќи тие многу брзо скапуваат. Доколку ги измиете и излупите и ги ставите во замрзнувач во соодветно пакување, ќе ви бидат при рака во секое време од денот или годината.

Здрави масти
Не сите масти се подеднакво (не) здрави. Маслиновото, кокосовото и маслото од коноп содржат здрави масти, поради што е пожелно да ја збогатите исхраната со нив. Прелијте ја салатата со овие масла или користете ги при подготовка на други оброци, само внимавајте да не претерате со пржењето на масло, бидејќи овој процес ја намалува количината на хранливи материи во храната.

Ферментирана храна
Овој вид на храна вклучува, меѓу другото, кисела зелка, кисели краставички, комбуха и јадења од квасец. Нема да згрешите ако редовно консумирате некоја од нив, а особено ќе им направите услуга на органите за варење. Многу ферментирана храна имаат и многу долг рок на траење, што ги прави идеални за складирање во оставата, чајната кујна.