5 совети кои ќе ви помогнат да престанете да јадете слатки

Фото: Unsplash
272

Дури и кога знаеме за поразителниот ефект на шеќерот врз здравјето, се поставува прашањето – што да правиме за да му одолееме на нагонот да изедеме нешто слатко?

Ако е во помали количини, шеќерот може да ни го подобри расположението, но ефектот на шеќерот во поголеми количини е поразителен.
Чоколадите, бонбоните, колачињата и другите слатки кои ги обожаваме не само што доведуваат до дебелеење, лоша состојба на нашите заби, коса, кожа, нокти, туку и предизвикуваат зависност.

Дури и кога го знаеме сето ова, се поставува прашањето – што да правиме за да му одолееме на нагонот да изедеме нешто слатко?

Еве 5 совети кои ќе ви помогнат да престанете да јадете слатки.

Обидете се да избегнувате внесување шеќер во течна форма
Ова се однесува на газираните сокови и оние кои содржат поголеми количества шеќер. Честото консумирање на овој тип на пијалаци во голема мера доведува до дијабетес (тип 2) и проблеми со дебелината. Кога сте жедни, обичната вода е најдоброто решение.

Елиминирајте ги скриените шеќери во вашата околина
Доколку јадете житарки за појадок, внимавајте на количината на шеќер во нив. Овошните јогурти се исто така извор на скриени шеќери.

Почесто користете цимет
Наместо обичен шеќер, изберете цимет. Можеби на почетокот ќе ви недостасува шеќер, но циметот е многу поздрава опција за избор.

Ако сакате слатки, посегнете по четка и паста за заби
Неверојатно е колкава промена ќе се случи кога ќе ги исчеткате забите. Свежината во усната шуплина испраќа импулс до мозокот да се откаже од побарувачката на шеќер. Доколку немате при рака четка за заби, доволна е гума за џвакање без шеќер.

Изберете природни засладувачи
Кога сакате да засладите некое јадење, посегнете по природни засладувачи како мед.