6 трикови со кои ќе се ослободите од надуеноста на стомакот

Фото: Freepik
326

Понекогаш надуеноста на стомакот е проследена со грчеви, гасови, дијареа, а поради притисокот може да дојде и до болки во долниот дел на грбот и до проблеми со дишењето. Добрата вест е дека во повеќето случаи, надуеноста може да се спречи.

Ако често имате проблем со надуеноста на стомакот, веројатно ќе ви бидат од корист овие совети. Имено, покрај добро познатото правило за пиење големи количини вода, мора да внимавате и на исхраната. Ви носиме совети како да ја спречите надуеноста на стомакот.

Понекогаш надуеноста на стомакот е проследена со грчеви, гасови, дијареа, а поради притисокот може да дојде и до болки во долниот дел на грбот и до проблеми со дишењето. Добрата вест е дека во повеќето случаи, надуеноста може да се спречи.

Еве како:
Избегнувајте сол. Поради консумирање на голема количина солена храна, вишокот вода се задржува во организмот. Затоа избегнувајте сол и храна со многу натриум.

Не јадете јаглехидрати. Заборавете на тестенините и лебот бидејќи ова не е храна која треба да ја јадете доколку сакате да го изгубите вишокот сало од стомакот. Јадете храна која е богата со протеини.

Намалете го внесот на млеко. Дали сакате млеко и пиете повеќе од половина литар дневно? Ова може да биде една од причините зошто постојано сте подуени и имате гасови. Намалете го внесот на млеко и наместо тоа јадете јогурт или неколку парчиња тврдо сирење.

Исфрлете ги лутите зачини од вашата исхрана. Многу зачинетата храна предизвикува зголемено лачење на киселина во желудникот и предизвикува иритација, што во никој случај нема да ви помогне да ги изгубите масните наслаги. Наместо тоа изберете свежи зачини кои имаат поблаг вкус.
Откажете се на 7 дена од кафе, алкохол, преработена храна и шеќер. Овие намирници не смеат да бидат дел од вашата исхрана за време на оваа диета, бидејќи не помагаат во топењето на мастите, туку го подобруваат нивното таложење и задржување во организмот.

Изберете го вистинското овошје. Иако ова се здрави овошки, избегнувајте јаболка или круши бидејќи содржат повеќе фруктоза, што му отежнува на желудникот да ги свари. Јадете агруми и бобинки.

Домашен напиток против надуеност и грчеви

Исцедете еден лимон во чаша вода и додадете мала лажица сода бикарбона. За уште подобри резултати, наместо вода можете да користите јаболков оцет. Покрај тоа што е лек за гасови, јаболковиот оцет ќе ви помогне да постигнете рамнотежа на pH вредностите во телото, што е исклучително важно за целокупното здравје.