7 видови на храна кои ги јадат секоја недела најдолговечните луѓе во светот

Фото: Unsplash
425

Најдолговечните луѓе во светот својата исхрана ја засноваат на приближно 90 проценти растителна храна – овошје и зеленчук кои се одгледуваат органски и се консумираат сезонски.


Истражувањата покажале дека луѓето живеат најдолго во таканаречените сини зони – на островот Окинава во Јапонија, во провинцијата Ољастра на Сардинија, на островот Икарија во Грција, на полуостровот Никоја во Костарика и во Лома Линда во Калифорнија.

Што јадат најдолговечните луѓе во светот?

На овие места населението често достигнува 100 и повеќе години, а својата долговечност ја должат на мирниот живот, редовната физичка активност, силната поврзаност со заедницата во која живеат, а особено со храната.

Најдолговечните луѓе во светот својата исхрана ја засноваат на приближно 90 проценти растителна храна – овошје и зеленчук кои се одгледуваат органски и се консумираат сезонски.

Што има на нивните чинии секоја недела, проверете подолу.

Мешунки
Мешунките се одличен извор на протеини од растително потекло, па секоја недела се наоѓаат во чиниите на најдолговечните луѓе во светот.

Не само што овој вид на храна е богат со протеини, туку и со сложени јаглехидрати, диетални влакна, витамини и минерали кои придонесуваат за подобро варење, балансирање на шеќерот во крвта и крвниот притисок и благотворно делуваат на целиот кардиоваскуларен систем.

Што сè спаѓа во оваа категорија? Јадете различни видови грав, наут, леќа, грашок, боранија, кикиритки…

Јаткасти плодови

Конзумирањето на јаткасти плодови како бадеми, ореви, ф’стаци, индиски ореви и лешници во умерени количини е одлично за здравјето на срцето бидејќи тие содржат големи количини на незаситени масти и омега 3 масни киселини.

Покрај тоа, содржат и многу диетални влакна кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол. Најдолговечните луѓе на светот ги јадат сирови како здрав меѓуоброк, но и како додаток на други јадења.

Домати

Доматите се вообичаена храна во чиниите во медитеранските земји – од Италија до Грција.

Станува збор за флексибилна намирница која може да се приготвува на различни начини, а богата е со антиоксиданти – пред се, со ликопен.

Истражувањата покажале дека консумирањето храна богата со ликопен ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем, додека антиоксидантите го неутрализираат дејството на слободните радикали и можат да спречат развој на малигни заболувања.

Слатки компири

Најдолговечните жители на Окинава сакаат да јадат слатки компири, особено виолетови слатки компири, кои се богати со хранливи материи за зајакнување на имунитетот и намалување на воспаленијата во телото.

Виолетовите слатки компири се богати со диетални влакна кои го подобруваат дигестивниот систем.

Зелен лиснат зеленчук

На чинијата на најдолговечните луѓе на светот секој ден ќе има по некој зелен лиснат зеленчук како зелена салата, блитва, спанаќ, кељ и слично.

Тој е богат со фолати, витамин Ц и К и разни минерали.

Редовното консумирање на зелен лиснат зеленчук поттикнува елиминација на штетните материи од телото, го подобрува варењето и го зајакнува имунитетот на организмот.

Овесна каша

Жителите на Лома Линда, Калифорнија се љубители на овесна каша. Овесот е богат извор на диетални влакна, витамини од групата Б и железо кои го стимулираат варењето, го намалуваат крвниот притисок и благотворно делуваат на работата на срцето. Затоа се идеален избор за појадок.

Боровинки
Кога имаат желба да јадат нешто слатко и освежително, најдолговечните луѓе во сините зони посегнуваат по овошје како боровинките.

Богати се со антиоксиданти и други антиинфламаторни хранливи материи чија редовна консумација е поврзана со намален ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.