Кога, ако не сега: Тридневен фестивал на домашно пиво

168

Од утре (28 јуни) до 30 јуни, во Дајмонд Мол, љубителите на пиво ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво.

Од 28 до 30 јуни во Дајмонд Мол ќе се одржи Фестивал на домашни пива.

На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, за време на фестивалот ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање.
На фестивалот своите пивски производи ќе ги претстават Пиво Лабс, БАК, Курајбер, Белеза и Сакампиво.мк, а покрај македонските производители, својата палета на пива ќе ја презентира и една од најстарите и најпознати пивари од Холандија, Бавариа.

Освен во атрактивните пивски брендови, посетителите ќе уживаат и во деликатеси од зреено месо и продукти на производителот на месни преработки „Гаврилоски“.

Овој настан, велат организаторите, има за цел да ги поддржи и промовира малите производители на пиво и нивниот талент и знаење за производство на овој исклучително популарен пијалак, особено во летните месеци.

Посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните што стојат зад пивата кои се произведуваат во мали количини.

Настанот е и можност за стекнување нови искуства и интересни доживувања благодарение на уникатниот концепт што го нуди Diamond Mall, кој претставува спој на одличен шопинг, гастрономско уживање и можности за дружење и забава.