Цикоријата не се препорачува за бремени жени, бидејќи може да предизвика предвремени контракции и компликации, a треба да ја избегнуваат и доилките.
За многумина, кафето е неизбежен дел од секојдневниот живот. Затоа, постојано се зборува за неговите позитивни и негативни ефекти, како и за тоа колку кафе дневно е препорачливо.
Најчестите негативни ефекти што ги предизвикува кафето се чувство на вознемиреност, висок крвен притисок, главоболка, несоница,…Поради сето тоа, различните замени за традиционалното кафе стануваат сè попопуларни, а меѓу нив е цвет – цикорија.
Цикоријата е повеќегодишно растение, кое расте ширум цела Европа, Северна Америка а внимателно се одгледувала и во древен Египет – што зборува за препознатливост на нејзината важност. Во Франција, цикоријата била најпопуларна замена во 1800-тите години, за време на недостигот од кафе.
Нејзиниот вкус е многу сличен на оној на класичното кафе, а потекнува од пржениот корен од цикорија. Постојат докази дека напитокот од цикорија помага во смирување на воспалителните процеси, подобрување на здравјето на цревата и намалување на шеќерот во крвта. Покрај тоа, цикоријата е одличен извор на пробиотични влакна – инулин кој е препознаен како состојка која го поттикнува губењето на тежината, а богата е со манган и витамин Б6.
Кога не се препорачува консумирање на цикорија?
Како и кај секое растение – постојат состојби и заболувања кај кои не се препорачува нивна употреба и тоа се однесува на луѓе алергични на диви билки кои припаѓаат на семејството плевели (како што е амброзијата). Исто така, не се препорачува за бремени жени, бидејќи може да предизвика предвремени контракции и компликации, a треба да ја избегнуваат и доилките.
Луѓето со синдром на иритабилни црева треба да внимаваат да не претераат со внес на цикорија, бидејќи зголемените количини на инулин можат да предизвикаат проблеми како гас и надуеност. Ова важи и за луѓе кои страдаат од гастритис.
Состојките на цикорија не одат во комбинација со лекови врз база на бета-блокатори на лекови и со лекови за намалување на крвниот притисок.
ЗАКЛУЧОК
Ако не припаѓате на некоја од горенаведените ризични групи, се препорачува да пробате и да го воведете кафето од цикорија во својот живот.
Фото: Pixabey