Намаз од урда, ноктец и масло од тиква

618

Ноктецот е ѕвездата на овој намаз со потписот на Арт кујна. Состојките се многу едноставни и лесно достапни, а ако баш не сакате или немате масло од тиква, се разбира, можете да го направите и со обично маслиново масло

Овој зачин (ноктец) има толку специфичен мирис што или го сакате или не го сакате. Епа ние го сакаме и се надеваме дека еден ден некој ќе се сети да направи и парфем со мирис на ноктец.

Ако не го знаете во чиста форма, ќе ви кажеме дека главно, тој е заслужен за прекрасната арома на шарената сол.

Другите состојки од овој превкусен намаз се урда и масло од тиква кое слободно, доколку немате или не го сакате неговиот вкус, можете да го замените со обично маслиново масло.

Ставете од урдата, додадете од маслото и поросете со ноктецот. Превкусно е намачкано на парче тост.