Супата од тиква се смета за еден од најздравите и најевтините зимски оброци што се јадат со лажица, а нутриционистите препорачуваат да биде на трпеза најмалку два пати неделно.
Тиквата содржи импресивна листа на витамини и минерали, меѓу кои најмногу се издвојува витаминот А затоа што од 245 грама варена тиква добивате повеќе од двојно повеќе од препорачаната дневна количина на витамин А.
Богатството со витамин А доаѓа од големите количини на каротеноиди кои се наоѓаат во тиквата, како што се бета-каротен, алфа-каротен, цис-бета-каротен, лутеин, ликопен и зеаксантин.
Бета-каротенот е најзастапениот каротеноид во тиквата во споредба со другите каротеноиди, а она што е важно е дека нашето тело го претвора ова соединение во витамин А.
Многу од здравствените придобивки од тиквата за различни процеси во телото се припишуваат на овие каротеноиди.
Најважните здравствени придобивки од супата од тиква
Тиквата помага за зачувување на имунолошкиот систем, за одржување на здрава кожа, пoттикнува апсорпција на железо, го зачувува добриот вид, го зачувува здравјето на мозокот, ги штити срцето и крвните садови, ја одржува енергијата и метаболизмот.
Тиквата е богата со витамини и минерали
Бета-каротенот или витаминот А помага да се одржи имунолошкиот систем.
Покрај тоа, овој витамин е добар за слузокожата во нашето тело, особено за кожата, белите дробови и цревата, бидејќи слузницата формира важна заштитна бариера од несаканите материи во нашето тело.
Витаминот А е добар и за очите и ја зголемува достапноста на железо од резервите во нашето тело. Освен тоа, супата од тиква содржи и значителни количини на витамин Ц, хранлива материја која придонесува за одржување на силен имунолошки систем.
Освен витамин А, супата од тиква содржи и витамини Ц, К, Б1, Е, Б5, Б6, Б3 и Б2, како и калиум, бакар, манган, фолна киселина, јод, магнезиум, фосфор, железо…
И само поради богатството на витамини и минерали кои ги содржи тиквата, таа не само што е здрава храна, туку може да се третира и како природен лек.
Самата тиква содржи околу 90 проценти вода, речиси и да нема маснотии, а 100 грама содржат само околу триесет калории и лесно се вари.
Како да се подготви супа од тиква?
Потребни состојки:
600 гр исчистена тиква исечкана на коцки
литар вода, по потреба додајте уште
2 ловорови листови
3 моркови
чаша кисела павлака
кромид
прстофат сол
една лажица маслиново масло
малку сечкан магдонос
сол и бибер.
Подготовка:
Излупените тиква и морков исечкајте ги на коцки. Во тенџере пропржете го сечканиот кромид. Истурете ја водата и додадете сечкана тиква, ловор, сол, бибер и оставете да се готви на умерен оган. Кога тиквата и морковот ќе омекнат, изблендирајте ги и ако смесата е премногу густа додадете уште малку вода, ситно сечканиот магдонос и лажица маслиново масло.
Во соединетата смеса можете да ја додадете павлаката цела или во секоја порција да додадете по една лажица.
Можете исто така да додадете парчиња двопек, крутони, препечен леб за да добиете целосен оброк.