Дали  се безбедни за јадење? Јајца со дамки во белката , со двојни жолчки или рапава  лушпа

Фото: Pexels
198

Темната жолчка покажува дека јајцето е нутритивно побогато од побледата, а не треба да се секирате ниту ако најдете некаква дамка …

Невообичаениот изглед на јајцето во повеќето случаи не е причина за паника или знак дека рецептот нема да успее.

Црвеникави дамки

Не е невообичаено да се забележат црвени дамки во белките, а многумина сметаат дека причината за ова е оплодено јајце. Но, вистинската причина е пукање на капиларот во јајникот на кокошката и нема никаква врска со нејзината старост или со видот на храната што ја јаде. Таквите јајца се безбедни за јадење, забележува професорот Мајкл Даре, американски научник, кој има напишано неколку книги за одгледување пилиња.

Двојна жолчка

Ако наидете на две жолчки во јајцето, не мора да се грижите дека тортата нема успее или дека е јајцето расипано. Тоа е феномен што се јавува еднаш во илјада случаи, а експертите велат дека причината е тоа што кокошката ослободила повеќе од една јајце клетка.

Темна жолчка

Ако забележите дека жолчката е потемна од вообичаеното, не треба да се плашите дека нешто не е во ред, напротив, тоа е добар показател. Потемна жолчка, покажува дека кокошката несилка јадела храна со повеќе каротеноиди, растителни пигменти од жолта, портокалова и црвена боја, Ваквите јајца се хранливо побогати од обичните и имаат помалку холестерол и повеќе омега-3 киселини.

Грбава лушпа

Невообичаената форма на јајцето или грубата обвивка не е показател за хранливата вредност на јајцето. Причината за неправилната површина на лушпата се наслагите на калциум што не се израмниле за време на излежувањето на јајцата, и тие се целосно безбедни за јадење. Бојата на лушпата зависи од видот на кокошката несилка.