Освен што има здравствени предности, ваков појадок ќе ви помогне и да се ослободите од насобраните килограми.
Овој рецепт ќе ви помогне да го исчистите телото од токсините, да го забрзате метаболизмот, но и да го решите проблемот со запекот. Состојките делуваат поволно на цревата, ја стимулираат нивната работа и ја обновуваат нарушената цревна флора.
Се препорачува на овој начин да го започнете своето утро 3 пати неделно.
Состојки:
Мерката е 1 супена лажица
Овесни снегулки: 3 до 5 лажици (може да бидат и некои други видови снегулки – ‘ржени, овесни, снегулки од хељда)
Спелтини трици: 1 лажица
Чиа семе: 2-3 лажици
рендано јаболко
Млеко од соја млеко или некое друго млеко или јогурт. Може да користите и некој природен сок од овошје или зеленчук.
Приготвување:
Од вечер прелијте го чиа семето со малку млеко и оставете го да отстои за да набабри.
Утрото, измешајте ги сите останати состојки со семето и додадете малку повеќе млеко или друга течност за која сте се решиле.
За да го направите појадокот уште повкусен, можете да додадете и малку цимет, рендан кокос, мелени лешници или мелено семе.
Овој појадок треба да се јаде веднаш штом ќе станете, за да се поттикне вашиот метаболизам, а со тоа и да може да согори повеќе калории.
После една недела или две, ќе забележите драстично подобрување. Ќе имате повеќе енергија, нема да имате потреба од слатки и нездрава храна, а стомакот ќе ви работи како часовник.