85 грама поточарка на ден го намалува ризикот од секој вид на рак
Велат дека ако нешто се консумира како лек, тогаш најверојатно не е вкусно, ама со листовите од поточарка можете да ја направите највкусната салата и воедно да си го подобрите здравјето.
Секојдневното консумирање на листови од поточарка (Nasturtium officinale), трајна водена билка која расте на извори, чисти потоци, реки и во ровови со чиста вода, би можело значително да ги намали шансите за развој на рак, веруваат научниците од Универзитетот Улстер.
Тие објасниле дека растението, кое се користи како лековито средство што го препишувале уште староегипетските лекари, но и како храна, го намалува оштетувањето на ДНК на белите крвни зрнца – што се смета за тригер за развој на кој било вид на карцином. Поточарката го крева нивото на корисни соединенија во крвта и го намалува нивото на штетните.
Студијата ја спровеле научници од Универзитетот Улстер, а резултатите од истражувањето биле објавени во списанието American Journal of Clinical Nutrition. Резултатите од истражува во тоа списание секогаш се проверуваат пред објавување од уште една група научници. Професорот Иан Роуланд од Универзитетот Улстер, кој ја спровел студијата со своите колеги на 60 здрави волонтери, меѓу кои имало и 30 пушачи, тврди дека секојдневното консумирање на 85 грама свежи листови поточарка во текот на осум недели е поврзано со помал ризик од развој на карцином во кој било дел од човечкото тело.
Нивото на антиоксиданти во крвта, како што се бета-каротени и лутеин, се зголемила, а нивото на потенцијално штетни триглицериди во крвта се намалило во просек за 10 проценти. Резултатите биле подобри кај пушачите кај кои нивото на антиоксиданси во крвта било значително пониско на почетокот на студијата отколку кај останатите волонтери.
Научниците препорачуваат конзумирање на свежи лисја од поточарка – како салата или консумирање на свежо исцеден сок од тоа растение.
Еве и еден рецепт за многу вкусна салата од поточарка:
Состојки:
1 китка поточарка
3 млади кромитчиња
150 г урда или некое друго меко сирење (на пример, моцарела или фета)
Една рака семки од тиква
Масло од тиква
Лимон
Сол, црн пипер
Приготвување:
- Исечкајте го кромидот и ставете го во сад заедно со ливчињата поточарка. Додадете ја здробената урда и се поросете со семки од тиква.
- Салатата зачинете ја со масло од тиква, сок од лимон, сол и црн пипер по вкус.
Напомена: Добро измиените листови од поточарка нека отстојат во солена вода и вински оцет
Фото: Pixabey