Секоја храна е обележана со рок на траење, такашто купувачите имаат претстава што до кога би требало да се изеде, но тоа не значи дека по истекот на тој рок намирниците треба да се фрлат.
Во продолжение, експертка за храна открива кои намирници смеете да ги јадете дури и по истекот на рокот на траење.
Која храна е безбедна за јадење дури откако ќе истече?
Јајца: 3-4 дена
„Како и многу животински производи, јајцата можат брзо да се расипат, а ако ги чувате правилно, можете да го продолжите нивниот рок на траење за неколку дена“, смета нутриционистката Софија Нортон.
Леб: 5-7 дена
Толку денови лебот може да се јаде откако ќе му истече рокот на траење, но дефинитивно треба да обрнете внимание на мувлата, особено ако го чувате лебот во влажна просторија. Најдобро е да го чувате во темна, сува и поладна просторија, а можете додека е уште свеж да го ставите во замрзнувач и да го чувате таму до 6 месеци!
Пченка во лименка: 1-2 години
„Конзервираната храна може да трае најдолго. На пример, пченката може да се јаде, дури неколку години по датумот на истекување “, вели Нортон, објаснувајќи дека конзервирањето ги уништува микроорганизмите кои се одговорни за расипување на храната и, бидејќи е добро затворена, не доаѓа во контакт со воздухот. Исто така, колку подолго храната останува во конзерва или замрзнувач, толку полесно ќе го смени својот вкус.
Овесни снегулки: 1-3 недели
Како и тестенините, оваа сува храна не содржи многу влага што придонесува за стабилност. Истото важи и за сушеното овошје, крекерите и чипсот.
Брашно: 1-2 месеци
Покрај брашното, тука се и други суви намирници, како што се прашок за пециво и шеќер. Бидејќи тие не содржат влага, тие се поотпорни на развој на бактерии. На пример, солта ќе биде многу тешко да се расипе. Сепак, не јадете стари намирници ако го смениле мирисот.
Тврдо сирење: неколку недели
Сирењето како пармезанот се уште една безбедна намирница, дури и ако забележите дека се одвива процес на стареење, како мувла, тој може да биде многу вкусен.
Млеко: 1 недела
Ова е точно, но ако не сте сигурни дека е добро, проверете како мириса…
Јаткасти плодови: недели до месеци
Иако храната се доста безбедни, поради маснотиите што ги содржат, потребна е проверка пред консумирањето, па ако забележите мирис на боја или темна боја на плодоите, можеби не се јадливи.
Тестенини: 2 години
„Тие се сув производ што не се расипува лесно и затоа може да се користи долго после истекување на рокот на траење, иако квалитетот не мора да биде ист. Истото важи и за оризот”, вели Нортон.
Јогурт: 3 недели
Станува збор за намирница која може да трае доста долго, а бидејќи содржи пробиотици и свои бактерии, оние лошите ги држи на страна.
Мед: засекогаш
Ова е една намирница што никогаш не се расипува. Покрај тоа што во себе има малку влага, содржи и киселини кои ќе ги уништат бактериите и ќе го спречат расипувањето на производот.
Фото: Pixabey